Финансиски хороскоп за август 2025: Кои знаци ќе „пливаат“ во пари, а кои ќе имаат загуба?
Август ќе биде најповолен месец на финансиски план за Раковите - можно е да остварите профит преку личен бренд, неочекуван прилив на пари и голем бонус на работа.

Август носи позитивни вести за повеќето знаци во зодијакот, но некои ќе се најдат пред големи финансиски предизвици.
Во која група сте вие?
Прочитајте го финансискиот хороскоп за осмиот месец во 2025 и откријте што ви носи август:
Овен
За Овните, почетокот на август ќе биде проблематичен, па мора да сте претпазливи на финансиски план.
Поради ретроградниот Меркур, избегнувајте потпишување важни документи до 11 август.
По 12 август, можен е ненадеен прилив на пари. И не плашете се да ги вклучите пријателите во некоја деловна иницијатива.
Бик
Рационализирајте ги трошоците, особено во првата половина од август.
Обрнете внимание на трошоците поврзани со забава, деца и луксуз - прекумерното трошење може да ви предизвика големи проблеми.
Во втората половина од месецот ќе дојде до израз некој ваш талент или хоби, а преку нив и можноста за финансиска награда.
Близнаци
За вас ова ќе биде клучен месец во кој ќе ги поставите темелите на долгорочните финансиски промени.
Голем број Близнаци ќе го поминат месецот на службени патувања или на себе ќе преземат повеќе работни обврски, но во секој случај тоа ќе им донесе можност за заработка.
Ако работите во сферата на финансиските иновации, дигиталните технологии или онлајн продажбата - ова е исклучително поволен период за заработка.
Рак
Август ќе биде најповолен месец за Раковите на финансиски план - можно е да остварите профит преку личен бренд, неочекуван прилив на пари и голем бонус на работа.
Ретроградниот Меркур предупредува да бидете внимателни при склучувањето договори пред 11 август.
За некои Ракови ќе се исплати да се вратат на старите работни места или клиенти, а по 12 август ќе ви се отворат можности за инвестирање во сопствениот развој и дом.
Лав
Во август ќе заработувате повеќе преку вашето хоби или хонорарна работа, отколку од професијата, па ќе сакате да продолжите во истиот стил и во иднина.
Првиот дел од месецот ќе биде во знакот на бавната комуникација и можните недоразбирања, кои може да влијаат негативно на финансиски план, па одложете ги важните деловни одлуки за втората половина од месецот.
Можно е да се случи нешто што ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве поттикне да преземете деловна иницијатива (или ризик), кој ќе ви се исплати веќе на почетокот на септември.
Девица
Ќе мора да бидете многу внимателни на финансиски план во првата половина од август - ретроградниот Меркур во вашиот знак може да предизвика доцнење во плаќањата, двосмисленос во договорите и конфузија во деловната документација.
По 12 август, работите ќе се стабилизираат, ќе ви се отвори можност за преговори и развој на нови стратегии, а со тоа и за поголема заработка.
Ако добиете понуда за ново работно место со поголема плата, тоа може позитивно да влијае на вашата кариера - не се плашете од промените.
