Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак?
Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојдневно прашувајте што мисли, што сака, па заедно креирајте го денот, месецот, животот.

Долго време сте во врска и планирате да се венчате... Или, се запознавте неодамна, но поврзаноста е толку силна што знаете дека сте еден за друг и не треба да чекате за да стапите во брак.
Но, пред да го направите тоа, прочитајте што ги советуваат астролозите сите хороскопски знаци - што треба да знаете пред да го кажете судбоносното „да“.
Овен
За вас е важно да имате трпение. Тоа ќе направи повеќе чуда во вашиот брачен живот отколку што мислите.
Трпението ќе ги намали вашите моменти на импулсивно реагирање и лутина, а тоа е нешто без кое секој брак е подобар.
И запомнете, ставањето на другите пред себе не е знак на слабост, туку сила. А ова ќе го зајакне вашиот брак на долг рок.
Бик
Иако сакате стабилност и понекогаш сте мрзеливи за вас е важно да не заглавувате во рутината.
Продолжете да излегувате со вашиот партнер за да ја одржите таа романса жива, купувајте подароци во случајни денови, организирајте вечера или патување кога не го очекува тоа од вас.
Брачниот живот има низа одговорности за да биде успешен, но тоа не значи дека вашата врска веќе не треба да е приоритет.
Близнаци
За да имате успешен брак, вам ви треба барем малку слобода.
Иако можеби ќе се чувствувате како да сте врзани со партнерот откако ќе кажете „да“, вистината е дека вашата слобода и идентитет ви се важни и неопходни.
Предизвиците со кои ќе се соочите ќе можете да ги решавате сами, но објаснете ѝ на саканата личност дека некогаш ви е потребно самите да направите личен избор, дури и да е погрешен.
Рак
Држете се до она што ве прави тоа што сте и не се менувајте - ако го задржите својот идентитет и бракот ќе ви биде успешен.
Иако бракот е практично вашата потпора, не заборавајте дека треба да останете свои, какви што бевте кога го запознавте партнерот, зашто токму во тој ваш карактер и се вљубил.
Правете ги работите заедно, но најдете барем 30 минути во денот за вас и тоа што вас ве исполнува.
Лав
Пред да преминете во следната фаза од животот, запомнете дека не зависат секогаш сите работи од вас.
Иако сте силни, независни им имате да дадете многу љубов, не дозволувајте таа љубов да се претвори во потреба за контрола.
Научете да се ослободите од вашето его, побарајте помош и дозволете им на другите да ја преземат водечката улога понекогаш.
Девица
Не постои совршен брак, колку и да се обидувате да направите сè за вашиот брак да е таков.
Пред да се венчате почнете да размислувате за тоа што можете да подобрите кај себе за да имате убав брак.
На прво место тоа треба да е вашата вештина за слушање - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојдневно прашувајте што мисли, што сака, па заедно креирајте го денот.
