Заврши ретроградниот Меркур – што научи секој хороскопски знак и на што да се фокусира во наредниот период?
Скорпии – ретроградниот Меркур ви помогна да сфатите кои стравови ве кочеле во животот. Сигурно не ви било лесно да се соочите со најголемите несигурности, но сега ви е јасно дека тоа било неопходно.

На 11-ти август заврши ретроградниот Меркур, за кој астролозите велат дека имал најголемо (негативно) влијание врз комуникацијата.
По завршувањето, веднаш започна друга фаза која, според астролозите, означува период во кој секој хороскопски знак ќе треба да размисли за лекциите што ги научил, но и да ги открие своите скриени желби.
Ова е период на закрепнување по ретроградниот Меркур кој секој знак треба да го искористи максимално.
Што научивте вие од ретроградниот Меркур и на што треба да се фокусирате, според вашиот хороскопски знак:
Овен
Ретроградниот Меркур имаше најголемо влијание врз вашиот љубовен живот и односот со пријателите – можеби во вашиот живот се вратил некој поранешен партнер или, пак, сте го заладиле односот со некој пријател.
Сега треба да ви е јасно кои луѓе треба да ги задржите покрај себе, без разлика дали станува збор за пријатели или романтични партнери.
Време е да му дозволите на срцето да ве води, дури и ако вашите одлуки не секогаш ви делуваат логично.
Бик
Ретроградниот Меркур ве натера да размислите за темелите во вашиот живот за да можете да се придвижите напред, особено на професионално поле.
Сега е време да одлучите кои приоритети треба да ги зачувате, а што треба да промените.
Знаете што сакате да постигнете следно и само треба да ги усогласите вашите постапки со вашите цели.
Близнаци
Секој ретрограден Меркур ви приредува огромна трансформација, а со последниов откривте потполно нов начин на себеизразување.
Можеби сте биле охрабрени повеќе да ги споделувате вашите идеи или да размислите за вашиот став во однос на некој значаен проблем.
По сето ова, сега треба посамоуверено да истапувате за себе, да не го криете она што го мислите и да си создадете нова перспектива за светот околу себе.
Рак
За вас, ретроградниот Меркур имаше најголемо влијание врз финансиите, особено оние кои ги делите со другите, како вашиот партнер.
Никогаш не е лесно да се размислува и дискутира за оваа тема, но сега сте поподготвени од кога било.
Посвесни сте за финансиската состојба, можете да си ги воочите пропустите и конечно можете да почнете да ги остварувате вашите финансиски цели.
Лав
Овој ретрограден Меркур допре до секој аспект од вашиот живот – од врски и пријатели, до желби и амбиции на поле кариера.
Сега ви е јасно што сакате, а што не сакате да остане во вашиот живот и завршувањето на овој период ви е како вистинско ослободување.
Со новата енергија што ја стекнавте, сега можете да почнете да привлекувате луѓе, но и можности кои ви се од најголема корист.
Девица
Последниот ретрограден Меркур ве „погоди“ каде што е најважно – желбата за контрола.
Додека траеше периодот веројатно сте биле под стрес и сте имале многу непроспиени ноќи, но сега конечно ја препуштате контролата.
Фокусирајте се на тоа да бидете поспонтани и за многу краток период (можеби уште следниот месец) ќе ги видите и резултатите од вашиот нов поглед кон светот.