Заврши ретроградниот Меркур – што научи секој хороскопски знак и на што да се фокусира во наредниот период?

Вага
Ретроградниот Меркур веројатно ве натера да сфатите дека не вложувате доволно во вашите соништа.
Сега, пак, ви е јасно дека сте желни за целосна трансформација, во секој аспект од животот.
Немојте да се плашите од големите промени што ве чекаат и искористете го претстојниот период за да ги реализирате и најлудите цели.
Скорпија
Овој ретрограден Меркур ви помогна да сфатите кои стравови и условувања ве кочеле во животот.
Сигурно не ви било лесно да се соочите со најголемите несигурности, но сега ви е јасно дека тоа било неопходно.
По ова откровение за вашето минато и вашата сегашност, подготвени сте и мотивирани да ја изградите иднината за којашто сонувате.
Стрелец
Додека траеше ретроградниот Меркур, станавте свесни дека светот околу вас се менува со огромна брзина.
Гледајќи ги луѓето околу вас, и вие успевате да се ослободите од застарените верувања и правите простор за нешто ново и подобро.
Она што следи е период на адаптација, но и можност вистински да созреете како личност.
Јарец
Ретроградниот Меркур ве натера да ја анализирате врската со некоја личност која ви е меѓу најблиските.
Додека траеше фазата можеби и сте го заладиле односот со неа, што секако ве терало да се сомневате во себе и своите одлуки.
Но, сега сфаќате дека дури и дистанцирањето било неопходно, па следи да ѝ се вратите на оваа личност и да го зајакнете односот повеќе од кога било.
Водолија
Изминативе неколку недели додека траеше ретроградниот Меркур, вие станавте посвесни за луѓето со коишто се опкружувате.
Со некои можеби сте се зближиле, а некои можеби и сте ги отстраниле од вашиот живот.
Во наредниот период ќе ви стане појасно дека можеби е подобро да имате помалку пријатели, но на кои вистински можете да се потпрете.
Риби
Лекциите од овој ретрограден Меркур за вас се сосема неочекувани.
Веројатно во целиот период сте биле збунети, но сега работите почнуваат да ви се разјаснуваат.
Сега, кога ситуацијата е помирна, ќе можете трезвено да размислите за целиот ваш живот, особено за кариерата, и конечно да се одлучите на позитивна промена.
Спирова С. | Црнобело