Љубовен хороскоп за септември 2025: Овни – ќе се заљубите во друга личност иако сте во врска
Близнаци - ќе надминете сериозна криза. Стрелци - Ќе имате тенденција да се сомневате во сè и сешто, а во исто време и самите ќе се однесувате така што партнерот може да почне да ја преиспитува вашата верност. Што ве очекува во септември 2025 на љубовно поле?

Месец август кај многу знаци ќе донесе проблеми и нарушување на љубовните односи, афери, недоверба. Ќе треба да се работи на зајакнување на односите.
Слободните пак, почесто ќе паѓаат во искушение да се вратат на старата љубов.
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за септември 2025:
Овен
Ако сте во врска:
Во овој период треба да бидете многу внимателни. Можно е да водите двоен живот, а големи се шансите во првата половина да ве привлече некој од деловното опкружување или секојдневието. Ќе ве обземат пеперутки во стомак, а страста тешко ќе ја стабилизирате. Ова нема да може долго да се крие и ако не го прекинете, може да доведе до уништување на односите со партнерот.
Ако сте слободни:
Слободните пак, ќе имаат повеќе среќа месецот и ќе имаат добри шанси да си го исполнат тоа што го сакаат. Дали тоа ќе биде флертување, авантура или почеток на вистински емотивни односи. Можно е да воспоставите и контакт со некој поранешен партнер и заеднички да одлучите дали вреди да давате нова шанса. На крајот од месецот ќе бидете фокусирани на други работи, не толку на емотивниот живот.
Бик
Ако сте во врска:
Работите во љубовните врски и браковите полека ќе почнат да доаѓаат на свое место. Ве очекува период на смирување на односите, па искористете го за да зацврстите сè што претходно се разнишало. Не се навраќајте на минатото и не се задржувајте на ситници во односот со саканата личност. Дајте предност на емоциите, затоа што токму тоа ви е најпотребно на двајцата, нека ве понесе љубовта.
Ако сте слободни:
Слободните Бикови на почетокот на месецот нема да имаат турбуленции, но кон средината, може да остварат контакт со поранешен партнер. Тоа толку може да ве понесе, што нема да одолеете, па може дури и накратко да се потсетите на љубовта која поминала. Се препорачува да не брзате во одлуките и да се потсетите зошто првенствено сте ја прекинале врската. На крајот од месецот ќе бидете во потрага по вистински вредности.
Близнаци
Ако сте во врска:
Ќе имате можност да надминете криза која подолго време постои, преку емотивен и отворен разговор со партнерот. Многу е можно и двајцата одамна да го посакувате токму тој момент, односно време кога ќе извадите сè што ве боли и ќе си дадете нова шанса еден на друг. Сепак, внимавајте на последната недела од месецот – можно е повторно да се појават конфликти, ќе се вратат на површина стари расправии и пропусти. Ве очекува нестабилен месец, но шансите за разделба се мали.
Ако сте слободни:
Што се однесува до слободните Близнаци, во овој момент не може да ве заобиколат спомените од минатото. Средината на месецот може да ви донесе обновување на контактот и повторни средби со поранешен партнер за кој сте биле многу емотивно врзани. Како ќе заврши ова, зависи од вас. Но внимавајте, не го мешајте споменот за љубовта и вистинската љубов. Очите држете ги отворени и нека не ве напушта разумот.
Рак
Ако сте во врска:
Кај зафатените Бикови владее прилично статична и тешка атмосфера. Проблемите ви го одвлекуваат вниманието, а расположението ви се менува често и нагло. Партнерот ќе се обиде да ве расположи, без успех, но внимавајте, по подолг период саканата личност може да го изгуби трпението. Можно е да се повлече во себе, или да се насочи кон свои активности, бидејќи веќе не знае како да ви помогне. Би било корисно ако заедно заминете некаде, макар и на еден ден, за да се опуштите и повторно да се поврзете.
Ако сте слободни:
За вас, во моментов не е препорачливо да се впуштате во нешто ново. Нема потреба од брзање. Дајте си време. Потребно ви е да се одморите, да размислите и да сфатите каде сте грешеле во минатото, но и што сакате од иднината. Во последната недела од месецот можно е да почувствувате силна привлечност кон некоја личност. Излезете, дружете се, разговарајте – но немојте веднаш да се фрлате во нова врска. Сè има свое време. Уживајте го моментот и почекајте да почувствувате дали е вистинската личност.
Лав
Ако сте во врска:
Зафатените Лавови во првиот дел од месецот ќе имаат многу убави моменти со партнерот. Со некои потези ќе бидете изненадени и ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот, што ви е многу потребно, да заборавите на некои други проблеми од секојдневието. До крајот на месецот можни се турбуленции. Зборувате на ист јазик, но не се разбирате. Ќе си наоѓате маани и ќе се фаќате за работи што и самите ги правите. Се препорачува да отпатувате и да се фокусирате повеќе на вас, љубовта и емоциите.
Ако сте слободни:
Слободните Лавови постојано ќе бидат пребирливи. Ви одговара да имате обожаватели околу вас, кои ќе пробуваат да ве освојат, но не се брзате да донесете конечна одлука да се впуштите во врска со некого. Секој потенцијален кандидат ќе минува низ детална анализа, каква личност е и што сака. Можеби никој од нив нема да биде за долгорочна врска, но авантурите не ви бегаат. Сепак, до крајот на месецот можеби ќе се одлучите да се смирите.
Девица
Ако сте во врска:
Иако можеби не ви изгледа така, работите меѓу вас и партнерот ќе се стабилизираат во текот на месецот. Ви се советува да не приговарате премногу и да не се оптоварувате со ситничарење. Ако не внимавате, последната недела од месецот може да донесе жестоки расправии и заладување на односот. Врската не е загрозена, но во втората половина од месецот можно е да почувствувате недостаток на страст. Ќе ви недостига внимание, блискост, потреба да се чувствувате посакувано. Поработете на тоа.
Ако сте слободни:
Слободните Девици не знаат баш точно што сакаат. Се двоумите дали да се вратите на нешто старо, или да пробате нешто ново. А можеби и воопшто не сте сигурни што точно барате во моментов. Ќе имате љубовни прилики, тоа е сигурно. Но дали ќе ги искористите, зависи од вас. Можно е месецот да помине без некои конкретни случувања на љубовен план, а може и да сакате да седите на две столчиња и да бидете некоректни. Размислете добро.
