Љубовен хороскоп за септември 2025: Овни – ќе се заљубите во друга личност иако сте во врска

Вага
Ако сте во врска:
Првата половина од месецот е сè уште солидна, но во втората – секој збор што ќе го изговорите, ако не внимавате, може да го повреди партнерот. Изгледа дека токму тогаш ќе се потсетите на сè што претходно сте го „прележале“, па ќе се обидете тоа повторно да му го фрлите на нос на партнерот. Последната недела од месецот е особено чувствителна – затоа обидете се да избегнете големи расправии и тензии. Потребно е трпение, внимателност и воздржаност.
Ако сте слободни:
По подолг период, се чини дека расчистивте некои емоционални ситуации и (барем делумно) некои минати случувања оставивте зад вас. Но, еден поранешен партнер никако не ви излегува од глава, колку и да мислевте дека сте го преболеле. Додека се чудите што се случува, веќе ќе се фатите како пишувате порака или ѕвоните. Емоциите го преземаат водството, а кога разумот ќе попушти и ќе се појават „пеперутки во стомакот“, на некои луѓе едноставно не можете да им одолеете.сс
Скорпија
Ако сте во врска:
Односите се подобруваат, особено од средината на месецот. И вие и партнерот ќе се трудите да избегнувате теми што би можеле да предизвикаат конфликти. Наместо да реагирате бурно, ќе одговарате со шега, со цел да зачувате мир. Можно е во некои периоди да се сомневате во партнерот, ќе го преиспитувате секој негов збор или потег. Со тоа само ќе си создадете внатрешна тензија и нема да си дозволите да се опуштите. Иако ќе имате моменти на среќа и емоционална блискост, по нив ќе следи повлекување и градење на „ѕидови“.
Ако сте слободни:
За вас, месец август ќе биде полн со можности. Забавата ви е загарантирана, ќе имате големи шанси за започнување нова врска, можеби дури и неочекувано, „преку ноќ“. Додека да дојде до тоа, ќе бидете целосно пропуштени на авантура и максимално ќе ги уживате шансите кои ви се нудат. Како ќе продолжи, зависи од вас – дали ќе се препуштите на овие моменти и со некој ќе се впуштите во нешто посериозно или ќе останете на ставот дека сте најсреќни кога сте сами.
Стрелец
Ако сте во врска:
Бидете повнимателни, посебно во последната третина од месецот. Ќе имате тенденција да се сомневате во сè и сешто, а во исто време и самите ќе се однесувате така што партнерот може да почне да ја преиспитува вашата верност. Ако забележите дека започнуваат меѓусебни обвинувања, најпаметно би било да седнете и отворено да разговарате, за да расчистите некои работи пред да отидат предалеку. На моменти, иако во суштина сè е во ред, ќе изгледа како да не се разбирате. Затоа, советот е: наоружајте се со големо трпение.
Ако сте слободни:
Слободните Стрелци треба да избегнуваат влегување во нови врски во првата и последната недела од месецот. Иронијата е што токму тогаш ќе имате најмногу шанси, но енергијата не е поволна за нешто стабилно. Може лесно да се занесете и исто толку брзо да се разочарате. Ако се впуштите во нешто со поранешни партнери, нема да добиете ништо освен кратка прошетка по облаците и потоа повторно истите проблеми. До крајот на месецот може да бидете на мисла дали да дадете шанса на некој што одамна го знаете, а сега покажува симпатии за вас.
Јарец
Ако сте во врска:
Поголемиот дел од месецот ќе изгледа мирно и стабилно, но под површината се кријат проблеми. Постојат стари нерешени работи со партнерот што веќе подолго време ве притискаат. Особено во последната третина од месецот, може да дојде до конфликтна ситуација во која ниту вие, ниту партнерот нема да сакате да попуштите. Пред да донесете каква било одлука – размислете добро. Ако играте паметно, искористете го првиот дел од месецот за зајакнување на односите, за до крајот да не се разниша премногу врската.
Ако сте слободни:
Иако нема да се чувствувате особено расположени, сепак постојат знаци дека некои работи на љубовен план ќе почнат да се движат во подобар правец. Во првата половина од месецот се можни убави флертувања и интересни нови средби. Проблемот е што сето тоа може да остане само на ниво на флерт, ако не вложите сериозен труд. А вие веќе сте изморени од вложување во луѓе кои не вредат, па тоа ќе ве кочи. Сепак, немојте да се откажувате однапред. Дозволете си барем да се обидете. Одете полека и гледајте каде ќе ве однесе животот.
Водолија
Ако сте во врска:
Постои искушение за авантура. Може тоа да бидете вие, но и вашиот партнер. Иако би било нешто краткотрајно што можеби нема длабоко да го наруши односот, ризикот не вреди. Во првата половина од месецот односот со саканата личност ви е добар. Затоа, подобро искористете го тоа време за заеднички излегувања, дружење и градење блискост. Тоа ќе ви биде посебно важно, бидејќи во втората половина од месецот обврските ќе ве оддалечат. Последната недела може да донесе и поголема расправија, главно поради недостаток на време еден за друг.
Ако сте слободни:
Слободните Водолии ќе почувствуваат силен порив да стапат во контакт со поранешен партнер. И изненадувачки, работите можат да тргнат во добар правец. Дали ова ќе опстане, ќе се покаже во наредните месеци, кои ќе бидат клучни за „сумирање“ на сите лични промени низ кои поминувате. Доколку не го продолжите ова или не потпаднете на искушенијата, нови познанства се најмногу можни во втората декада на месецот. Ќе имате добри прилики, само останете отворени.
Риби
Ако сте во врска:
Сега е време љубовта да ви стане приоритет. Ќе се чувствувате заљубени како на почетоците, а и другата страна ќе реагира слично. Односот може да се развива во многу позитивен правец, како да конечно тргнале работите како што треба. Но, постојат потенцијални пречки: несогласувања, погрешно разбрани зборови, сомнеж, љубомора и посесивност. Не дозволувајте овие фактори да создадат дистанца меѓу вас, би го доживеале како лична катастрофа.
Ако сте слободни:
Можеби сега ќе биде вистинското време да се заљубите. Кога ќе се појави вистинската личност, разумот ќе замолчи, а емоциите ќе преземат контрола. Ќе чувствувате интензивна поврзаност, а тоа ќе биде заемно. Но внимавајте, како што започнува силната романтика, така може да се разниша односот од ситни недоразбирања или љубомора. Не дозволувајте стравот или несигурноста да ви ја уништат можноста за нешто убаво.
М. М. | Црнобело
