Овој септември има лунарна и соларна еклипса – каква трансформација го очекува секој хороскопски знак?

Вага
Овој период можете да очекувате промени во креативноста, пријателствата и емоционалните врски.
Лунарната еклипса ќе ви донесе пресврт во љубовта и можно е да се јави желба да се дистанцирате од работите или партнерот кој веќе не ви носи мир.
Соларната еклипса ќе ве активира на социјален план, па можно е да го завршите периодот со нови пријатели, па и соработници.
Кон крајот на месецот ќе размислувате и појасно, и потрезвено, што ќе ви помогне да ги донесете вистинските одлуки.
Скорпија
За вас, главниот фокус во овој период ќе бидат домот, семејството и професионалните обврски.
Лунарната еклипса ќе ве натера да се посветите на семејните проблеми, особено со постарите членови на семејството.
Соларната еклипса ќе ги нагласи кариерата и долгорочните цели.
Можно е да одредите нови приоритети, да си го ставите трпението на тест, но и да поставите темели за постабилен раст.
Стрелец
За време на двојната еклипса можете да очекувате промени во начинот на размислување, комуникацијата и вашата духовност.
Лунарната еклипса ќе ви открие неочекувани работи, особено поврзани со членовите на семејството или соседите.
Соларната еклипса ќе ве натера да размислите за вашите верувања и вредности, но и може да ве направи импулсивни.
Сето ова може да создаде забуна, па ќе треба да бидете трпеливи.
Јарец
Двојната еклипса ќе ве натера да се фокусирате на финансиите, ресурсите и внатрешната промена.
Лунарната еклипса ќе ве стави во ситуација да размислите како се справувате со заштедата и заедничките пари.
Можни се и неочекувани трошоци и желба да бидете финансиски независни.
Соларната еклипса ќе ве натера да направите интроспекција, да размислите за најдлабоките емоционални врски.
Оваа фаза од вас ќе бара трпеливост, но и добро промислени одлуки.
Водолија
Овој период ќе донесе промена на многу полиња во вашиот живот.
Лунарната еклипса ќе ви донесе лична трансформација и ќе се чувствувате како вашите емоции, избори, па и вашиот изглед да трпат огромна промена.
Соларната еклипса ќе има влијаени врз односот со другите, особено најблиските.
Некои врски ќе бидат ставени на тест, а оние кои се изградени на доверба, ќе се истакнат над другите.
Риби
Влијанието на двојната еклипса најмногу ќе го почувствувате врз здравјето, духовниот мир, но и работата.
Лунарната еклипса ќе ви помогне да станете свесни за навиките кои ви штетат и ќе ви разоткрие проблеми за кои не сте биле свесни дека ги имате.
Соларната еклипса ќе ве натера да ја сфатите важноста на дисциплината и рутината, особено кога е во прашање здравјето.
Овој период може да ви делува потежок, но ќе ви биде шанса да се изградите односот како личност.
Спирова С. | Црнобело