Овој септември има лунарна и соларна еклипса – каква трансформација го очекува секој хороскопски знак?
Лавови, бидејќи соларната и лунарната еклипса во септември се во вашиот знак, вие ќе ги почувствувате најмногу, особено во односот со семејството и вашиот идентитет.

Овој септември нè очекува мошне редок феномен – таканаречена двојна еклипса. Односно, на 7-ми септември ќе има лунарна, додека на 21-ви септември ќе има соларна еклипса.
И, според астролозите, овој редок настан ќе има големо влијание врз сите хороскопски знаци.
Секој знак може да очекува некаква трансформација во животот и промена на подобро.
Што да очекувате вие, според вашиот хороскопски знак?
Овен
Најголемата промена ќе ја забележите во социјалните и професионалните кругови.
Лунарната еклипса може да ве оддалечи од некои пријатели или познаници, особено ако довербата била изгубена. Можно е да има нагли промени и во односот со колегите и вашиот тим.
Соларната еклипса, пак, ќе предизвика промена во вашата креативност, изразувањето и сликата што ја имате за себе.
Можно е да почувствувате потреба одново да го дефинирате вашиот идентитет, а по завршувањето на оваа фаза, многу работи ќе ви станат појасни.
Бик
За време на двојната еклипса, вашиот фокус ќе биде врз кариерата и домот.
Лунарната еклипса може да ви донесе неочекувани промени или одлуки на работното место.
Ситуациите со надредените може да ви изгледаат проблематични, па ќе треба да покажете трпеливост и да воспоставите рамнотежа.
Соларната еклипса ќе ги нагласи обврските во домот и семејството. Можно е да се навратите на проблеми и пречки од минатото кои ќе ве натераат да им пристапувате на предизвиците со повеќе разум.
Близнаци
Промената што ќе ја почувствувате вие ќе се однесува на вашето знаење, но и желбата за патување и духовниот развој.
Лунарната еклипса ќе ве натера да размислите за вашите верувања и вредности. Ако, пак, сте планирале некое долго патување, можно е да се соочите со одложување или некаква промена во планот.
Соларната еклипса ќе има влијание врз комуникацијата и вашето опкружување.
Можно е да ви се разјаснат ситуации кои ви создавале забуна со месеци, а можно е да откриете и некоја скриена вистина.
Рак
Двојната лунарна еклипса ќе одбележи период со доста интензивни емоции.
Лунарната еклипса ќе има влијание врз заедничките финансии, но и длабоката емоционална конекција со другите.
Можно е повторно да се соочите со стари проблеми во односот со партнерот или членовите на семејството.
Соларната еклипса ќе ви донесе промена во личните вредности, како и финансиските одлуки. Ова е период кога ќе успеете да се ослободите од старите стравови и да одлучувате поразумно и позрело.
Лав
Бидејќи се во сезоната на вашиот знак, вие најмногу ќе ги почувствувате двете еклипси.
Лунарната еклипса ќе ви донесе промени во односот со блиските пријатели и членови на семејството. Додека на некои пријателства ќе им дојде крај, другите ќе станат многу посилни.
Соларната еклипса ќе ве натера добро да размислите за вашиот идентитет, вашата гордост, како и лицето што го покажувате пред светот.
По завршувањето на оваа фаза, ќе се чувствувате како нова личност која повеќе ќе се фокусира на скромноста, отколку да се води според своето его.
Девица
Здравјето, работата и рутината ќе ви бидат главниот фокус за време на двојната еклипса.
Лунарната еклипса ќе ве направи свесни за постапките кои ви ја крадат енергијата, особено во секојдневието.
Соларната еклипса ќе направи промена во вашата потсвест, па можно е да се соочите со поживописни соништа, но и да станете свесни за некои скриени стравови и нерешени проблеми.
Ова е период кога треба добро да размислите за себе и за светот околу вас.