5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли?

5-raboti-shto-mu-go-krshat-srceto-na-sekoj-horoskopski-znak-shto-najmnogu-gi-boli02.jpg

Вага

Невозвратена љубов – тие го даваат најдоброто од себе и цело срце, а некој им враќа само онолку колку што мора.

Премислување од корист – кога некој доаѓа кај нив кога е лесно, а никогаш кога е потребно и значи.

Бирање други пред нив – лојалноста им е света, најмногу ги боли кога ќе ги напуштат за некој друг, и покрај тоа што го дале најдоброто од себе.

Изгубена личност заради мир – кога со цел да се задржи хармонијата, ќе го изгубат гласот и своето „јас“ во процесот.

Незаслужена љубов – тие сакаат искреност, а кога некој ќе им каже „те сакам“ само за да ги задржи, а не го мисли тоа, ги крши.

Скорпија

Скршена доверба – кога ќе дозволат некому да види страна од нив што не ја покажуваат пред никого, а потоа ќе го искористат тоа против нив.

Форсирана ранливост – кога ќе си ја отворат душата и ќе ја извадат вистината од себе, а потоа некој ќе ја претвори во нивна слабост.

Невидливи рани – ја кријат болката зад сила, но кога некој ќе ги повреди и нема ни да сфати што направил и нема ни да го забележи страдањето, боли уште повеќе.

Површинска љубов – кога луѓето ќе паднат на нивната мистериозност и интензивен темперамент, но ќе избегаат кога ќе ги запознаат подлабоко.

Лажење во лице – кога веќе и самите ја знаат вистината и се надеваат дека ќе им признаат, но сепак ги лажат во очи.

Стрелец

Чувство на гушење – си ја сакаат слободата, авантура и раст, а кога се чувствуваат како да се врзани и контролирани, им страда срцето.

Љубов со правила – кога им велат дека се сакани, но дека мора да ги почитуваат правилата на нивниот свет и им ја ограничуваат независноста.

Празни зборови – ја ценат искреноста, а прекршени ветувања и празни зборови доживуваат како најголемо изневерување.

Задевање за нивниот дух – тие имаат живост и желба за повеќе, а кога некој им ги крати крилјата и не ги цени соништата, скршени се.

Примораност да останат – кога одвнатре нешто ги тера да си одат, но емоционалната поврзаност ги тера да останат.

Јарец

Нелојалност – ја даваат безрезервно некому својата поддршка, а кога е нивниот ред, ги нема.

Неуспех не по нивна вина – кога ќе го дадат најдоброто од себе, но заради околностите нештото се распаѓа и се чувствуваат немоќно.

Кога ги гледаат по тоа што го прават – им ја ценат продуктивноста и тоа што го достигнуваат, но не и тоа што им е личноста длабоко во нив.  

Луѓе кои очекуваат премногу – кога се потпираат на нивната сила, а никогаш нема да се сетат да прашаат „како си ти?“.

Невозвратена почит – го даваат најдоброто постојано, труд, грижа, љубов, но тоа е дочекано со индиферентност или игнорирање.

Водолија

Невидлива осаменост – иако имаат некој покрај себе, таа личност не ги разбира и се чувствуваат осамено.

Кога ќе им кажат да бидат нормални – тие се уникатни, но ги боли кога некој не ги прифаќа какви што се и ги тераат да не излегуваат надвор од границите.

Неразбрана тишина – тие често живеат во сопствениот ум и размислуваат длабоко за големи работи, а другите го доживуваат тоа како да се ладни и изолирани.

Кога не се слушани – тие ја отвораат својата душа, а некој само кимнува со глава без воопшто да ги перципира.

Етикетирање – наместо да ја разберат нивната комплексност, некој им дава стереотипна етикета за полесно да ги сфатат и опишат пред околината.

Риби

Љубов која исчезнува – тие ја даваат својата душа за некого, а потоа љубовта од таа личност едноставно исчезнува.

Љубезност гледана како слабост – кога некој ја гледа нивната мекост и добрина како дозвола за да ги повреди.

Уништена убавина – сонуваат голема љубов и заедничка иднина со некого, а потоа соништата се претвораат во болни спомени.

Незабележано страдање – тие страдаат тивко, се дават во емоции, додека некој ги тера да се смеат повеќе без да забележат што се случува.

Кога ќе им кажат да пораснат – нивната чувствителност и имагинација некој ги критикува и смета за незрелост, заради што се срамат од себеси.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во љубовта до крајот на јули 2025 Лав - ако сте сингл, вистинско време да го отворите срцето и да дозволите во нег...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg