5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли?
Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши кога некој ќе си замине лежерно, како ништо да не значело. Кои други работи се причина за скршено срце на Биковите, но и на останатите знаци? Што ги боли најмногу?

Љубовта е магична и многу работи во нејзино име се надминуваат и забораваат, но има и такви кои болат до срж.
Но, кај секој човек, нешто различно е причина за кршење на срцето – а, во тоа улога има и хороскопскиот знак.
Во продолжение прочитајте кои 5 работи и однесувања се причина за болка и кршење на срцето кај секој хороскопски знак.
Што најмногу го боли секој?
Овен
Да биде занемарен – тие ја даваат својата енергија, лојалност и труд, но кога тоа ќе помине незабележано или некој друг е избран пред нив, тогаш им се крши срцето.
Кога се замолчени – во нив гори вистината, но никој не сака да ја слушне.
Лажна лојалност – тие се спремни да стојат до вас без оглед на сè и го очекуваат истото, а срцето ги боли кога некој ќе замине од нив во најтешкото.
Губење контрола – таа беспомошност кога после сите напори, сфаќаат дека веќе не можат да направат ништо за да ја променат состојбата.
Празни пофалби – комплименти без искреност прават да се чувствуваат безвредно и зборовите немаат значење.
Бик
Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши кога некој ќе си замине лежерно, како ништо да не значело.
Уништени рутини – стабилноста им е најважна, па кога познатите рутини некој ќе им ги прекине, сета цврстина сега им се лизга низ прсти.
Тивка далечност – го чувствуваат прекинот на конекција и крајот долго пред да дојде, а тензијата ги јаде и боли.
Непрепознаен труд – покажуваат љубов и постојаност, а најмногу ги боли кога некој тоа не го забележува.
Кога веќе ќе престанат да се чувствуваат безбедно покрај саканата личност.
Близнаци
Ненадејна дисконекција – еден ден вие сте им сè, а веќе следниот е нова приказна и емоциите не постојат.
Кога се погрешно разбрани – добродушноста им ја гледаат како невнимателност, тогаш ги боли што не ги сфаќаат длабоко.
Кога хемијата умира – чувствуваат кога енергијата се менува и кога нешто одвнатре згаснува.
Луѓе кои се исклучуваат – додека раскажуваат приказна, страв, сон или желба – некој со очите и мислите одлетува на друго место.
Етикети кои не одговараат – кога некој одбива да ја види нивната мултиличност и ги етикетира со една особина.
Рак
Напуштање без крај – се врзуваат длабоко, па им остава рани на срцето ако некој исчезне без објаснување.
Лажна интимност – кога некој глуми дека сте му значеле и возвраќате, а на крај излегува дека било еднострано.
Невозвратена посветеност – сакаат силно, но тивко, па кога некој не ја забележува и не им ја возвраќа посветеноста, им ја ранува душата.
Губење личности кои мислеле дека ќе траат засекогаш – затоа што ја ценат истрајноста.
Кога спомените болат – нешто што некогаш им носело убаво на душата, а сега е болен потсетник на загуба.
Лав
Индиферентност – тие даваат љубов, енергија, топлина, покажуваат тага и радост, а болката доаѓа кога некој не реагира на тоа, никако.
Условна љубов – да бидат обожавани само кога се во најдобро светло, а напуштени кога им е најтешко.
Да бидат заменети – сакаат да прават другите да се чувствуваат посебно, а кога некој ќе го замени нивното место со друг, им се крши срцето.
Да бидат засенети – им го уништува духот кога некој ќе се обиде да биде супериорен и да ја намали нивната брилијантност.
Неблагодарни срца – нивната љубов е заразна и силна, но ги боли кога некој мисли дека се должни да го прават тоа.
Девица
Невидлив труд – тие ги носат сите одговорности на грб тивко, но ги боли кога трудот им е игнориран и неценет.
Залуден труд за спас – се вложуваат во нечиј раст и прогрес, а им се крши срцето кога личноста сепак ќе одбере хаос.
Обвинети за грижа – тие се грижливи и полни љубов, но ги боли кога ги критикуваат за тоа, па ги боли кога треба да се чувствуваат виновно за добрината.
Кога доброто не е доволно – тие го даваат најдоброто, но срцето им се крши кога за некого и тоа не е доволно.
Тивко кршење – држат конци до последно, додека сè не се сруши и уништи, а никој не забележува додека не е предоцна.
