Кој е вашиот митски заштитник според хороскопскиот знак (и како ви влијае тоа на карактерот)?
Скорпиите ги карактеризира силна енергија, страст и храброст, па не е чудо што се врзуваат со еден од најмрачните богови во митологијата - Хад. Кој бог е вашиот митски заштитник?

Астрологијата и митологијата се преплетуваат со векови, а астролозите тврдат дека постои силна поврзаност помеѓу карактерот на луѓето и божествените битија.
Прочитајте кој бог или божица стои зад вашиот хороскопски знак и што зборува тоа за вашиот карактер:
Овен - Арес
Арес е бог на војната, а неговиот карактер е соодветен на силната и бестрашна енергија која ја имаат Овните.
Луѓето родени во овој знак ги водат амбиција, сила и храброст, исто како и овој силен бог.
Бик - Хестија
Биковите се поврзани со Хестија, божицата на домот и огништето.
Ова се луѓе кои ги ценат мирот, стабилноста и удобноста, а познати се по својата практична страна и посветеност на семејството - исто скромната заштитничка на домот.
Близнаци - Атина
Со божицата на мудроста и стратегијата се поврзува карактерот на Близнаците.
Токму поради тоа, луѓето родени во овој знак ги красат љубопитност, лесна прилагодливост и дар за комуникација, исто како Атина, која била позната по својата снаодливост.
Рак - Артемида
Со Раковите владее Атремида, божица на месечината и заштитничка на природата.
Таа се карактеризира со грижливост, емпатија и исцелителна моќ, односно, квалитетите што ги поседува и емотивниот Рак.
Лав - Зевс
Кралот на боговите стои покрај Лавовите, зашто, исто како него, и тие се родени со сила, моќ и желба за успех.
Дополнително, Лавовите сакаат да се и во центарот на вниманието, па често се борат со сопствените амбиции.
Девица - Деметра
Божицата на земјата и плодноста, Деметра, се поврзува со Девиците.
Родените во овој знак се грижливи, нежни и способни да ги поддржуваат другите, исто како што Деметра ги штитела жетвата и животот.