Полна месечина во Овен на 7 октомври ќе донесе промени на секој хороскопски знак - што да очекувате?
Девици, полната месечина кај вас ќе разбуди длабоки емоционални вистини, а Рибите ќе ги поттикне да почнат да се почитуваат повеќе себеси. Што им носи оваа полна месечина на другите хороскопски знаци?

Полната месечина во знакот на Овен ќе се случи на 7 октомври 2025.
Но, таа не е обична, туку, како што Овенот е првиот знак во хороскопот, така и таа ќе донесе нови промени, и „будење“ на хороскопските знаци.
Ова е период кога многумина ќе решат да преземат иницијатива и да го земат животот во свои раце.
Овенот владее со главата и телото, па ќе почувствувате поголема виталност, но и внатрешни тензии.
Ако подолго време во себе сте чувале гнев или незадоволство, можно е сега да излезат на површина и да ви бидат мотивација за промена (на подобро).
Што да очекува секој хороскопски знак со полната месечина во Овен?
Овен - нова насока
Полната месечина во Овен ќе ве поттикне храбро да чекорите напред.
Верувајте им на вашите инстинкти и прифатете ја промената.
Бик - детоксикација на душата
Оваа полна месечина ве охрабрува да се ослободите од она што повеќе не ви служи.
Ослободете се од старите работи што ви тежат, направете место за мир и спокој.
Близнаци - вистински врски
Полната месечина во Овен ја истакнува вашата потреба за заедница.
Дајте им приоритет на автентичните врски, ослободете се од површните приврзаности и зајакнете ги пријателствата што ви се важни.
Рак - моќта на кариерата
Во оваа полна месечина, фокусот ви е на кариерата.
Поставете се како лидер, верувајте во вашите амбиции и носете одлуки што се соодветни со вашата долгорочна визија.
Лав - ве чека авантура
Оваа полна месечина во Овен го поттикнува вашиот раст преку откривање нови работи.
Истражувајте нови идеи, учете или тргнете на патување што ви ги отвори умот и духот.
Девица - подлабока интимност
Полната месечина кај вас ќе разбуди длабоки емоционални вистини.
Прифатете ја искреноста, не бегајте од сопствената ранливоста и дозволете интимните врски да ви донесат зачајна трансформација.