Денес почнува ретрограден Меркур - Кај кои знаци ќе донесе проблеми, а како ќе го преживеат останатите?

Бикови - Во следните 20 дена бидете подготвени за многу изливи на љубомора од ваша страна, бидејќи ретроградниот Меркур ќе влијае на партнерските и на интимните односи.

denes-pochnuva-retrograden-merkur-kaj-koi-znaci-kje-donese-problemi-a-kako-kje-go-prezhiveat-ostanatite-01.jpg

Меркур, планетата на комуникацијата, интелектот и патувањето, денес, 9 ноември, влегува во својата ретроградна фаза, носејќи турбуленции и предизвици за секој хороскопски знак.

Последното ретроградно движење на оваа планета во 2025 година ќе трае до 29 ноември, но некои знаци ќе ги чувствуваат последиците уште три недели потоа, до 16 декември.

Како ќе влијае овој ретрограден Меркур на секој хороскопски знак?

Овен

Овој ретрограден Меркур ќе ви предизвика носталгија - по омиленото место за одмор, или град кој сте го посетиле, а сакате да одите пак.

Доколку постои можност за патување (евтини билети, слободни денови), испланирајте да заминете на неколку дена, но тоа нека биде по завршувањето на ретроградниот Меркур, по 29-ти месецов, зашто во спротивно може да очекувате компликации со самиот пат.

На површина ќе излезе и вашата посесивност, што ќе влијае неповолно на односот со саканата личност.

Бик

Во следните 20 дена бидете подготвени за многу изливи на љубомора од ваша страна, бидејќи ретроградниот Меркур месецов ќе влијае на партнерските и на интимните односи.

Бидете свесни дека на вашиот ум влијае ретроградниот Меркур, па не дозволувајте да ве „полуди“ сомнежот што го чувствувате.

Во овој период може да дојдат до израз и вашите внатрешни стравови, но тие не се резултат на нешто конкретно, туку на вашата лична несигурност и недоверба.

Но, добро е што во овие денови можете да најдете начин како повеќе да се поврзете со луѓето кои се веќе дел од вашиот живот.

Близнаци

Ретроградниот Меркур во ноември ќе придонесе да се нарушат партнерските односи. Блискоста со некоја личност ќе исчезне.

Бидете повнимателни во комуникацијата со луѓето, затоа што ретроградниот Меркур може да ве натера да кажете нешто за што ќе зажалите подоцна.

Во животот на некои Близнаци во овој период може да се појави и некоја стара љубов.

Ако решите да ѝ дадете втора шанса, направете го тоа внимателно, без преголем оптимизам.

Рак

Ретроградниот Меркур овој месец нема да ви дозволи да ги правите работите набрзина или по „скратен пат“, туку ќе мора да се посветите внимателно на сè ако не сакате да направите грешки кои ќе ве чинат скапо.

Во овој период треба да обрнете повеќе внимание и на здравјето, и немојте да бидете „сам свој лекар“, туку отидете на преглед и слушајте ги советите на докторите.

По 18-ти ноември може да очекувате денови со повеќе страст или романса која ќе се случи со неочекувана личност, но бидете внимателни и не се препуштајте на моментот без да размислите за последиците.

Лав

Ретроградниот Меркур ќе биде причина да почнете да фантазирате, да замислувате ситуации и разговори кои не постојат, особено ако сте изолирани од луѓето.

Ова може да ви донесе негативни чувства, бидејќи секогаш ќе ја барате негативната страна во секоја ситуација или замислен дијалог.

По 18-ти во вашиот живот може да се појави нова личност, која ќе ви го подобри расположението. А ако сте во долга врска, не ја загрозувајте поради краткотрајна возбуда.

Периодов потпрете се на неколкуте блиски пријатели што ги имате.

Девица

Во следните 20 дена очекувајте неколку нови познанства, луѓе кои ќе пробаат преку ноќ да се зближат со вас, но сепак не им дозволувајте веднаш да го направат тоа.

Бидете внимателни во комуникацијата, зашто некој ќе се обиде да ве изигра, дури и личност која сметате дека ви е блиска и дека добро ја познавате.

Можна е семејна драма по 18-ти, но ако се најдете во таква ситуација, подобро е да се повлечете отколку да пробате да „се разберете“. Во оваа ситуација може да бидат вклучени и некои соседи.

Уште 6 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Денес, 9-ти август, се случува една од најмоќните полни Месечини во годината - Како ќе влијае на сек... Лавови - оваа полна Месечина може да пробуди емоции поврзани со стара љубов. Ваг...
Какво лето ве очекува годинава, според хороскопскиот знак? Риби, на почетокот од летото подгответе се за неочекувани, (а и несакани) средби...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Утре почнува вториот ретрограден Меркур во 2026-та: Како ќе влијае врз секој хороскопски знак? Риби, ако сте во посериозна врска и ви се чини монотона, бидете сигурни дека пер...

Најчитани неделава