Љубовен хороскоп за декември 2025: Јарци – вашите погледи „на страна“ може да доведат до раскинување
Зафатените Овни ги очекуваат предизвици кои можат да ја разнишаат врската или да ги загрозат постоечките планови. Нема да криете дека имате големи очекувања од саканата личност. Слободните Ракови често ќе се впуштаат во флерт, но заради погрешни изјави или непромислени постапки, ќе западнете во конфликтни и комплицирани ситуации.

Последниот месец од 2025 носи турбулентни љубовни односи кај голем дел од хороскопските знаци.
Ретко кај кого ќе остане хармонијата во текот на целиот месец, бидејќи трети личности или комплицирани ситуации ќе се замешаат на ова поле.
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за декември 2025:
Овен
Ако сте во врска:
Зафатените Овни ги очекуваат предизвици кои можат да ја разнишаат врската или да ги загрозат постоечките планови. Нема да криете дека имате големи очекувања од саканата личност. Чувствувате потреба да остварите комплетно задоволство или да го промените ритамот во врската. Заедничката доверба ви е неопходна основа, а нови случувања и динамика ви се потребни како позитивен пресврт.
Ако сте слободни:
Ќе пронаоѓате емотивна инспирација на различни страни и делувате задоволно, но не во целост. Таквото расположение ќе трае до средината на месецот, кога ќе ви се зголемат сензуалните апетити. Можни се нови љубовни искушенија кои ќе ви ја покренат скриената фантазија. Со задоволство ќе прифаќате повици, ќе уживате во друштво, забава и флерт, а до крајот на месецот можна е некоја романса.
Бик
Ако сте во врска:
Ќе забележите некоја напнатост во односот со партнерот што не ви е јасна, па повремено може да бидете загрижени заради ситните недоразбирања кои постојат во љубовниот живот. Кавгите и тензиите може да се последица на некои финансиски проблеми кои ве окупираат. Сепак, секој проблем има решение и носи поучно искуство. Од средината на месецот ситуацијата постепено ќе се среди, а тензијата ќе се смири.
Ако сте слободни:
Нема потреба да се задржувате на некои погрешни одлуки од љубовното минато, бидејќи понатамошниот развој на настаните ќе ви донесе олеснување и подобро разбирање и договарање. Важно е да извлечете поука од некои проблематични случувања, но не да се оптоварувате. Зачувајте позитивна енергија и убави мисли за некоја блиска личност која ќе ви пристапи. Ќе почувствувате емотивна топлина во нечие друштво, а тоа моментално ви е доволно за следен чекор.
Близнаци
Ако сте во врска:
Работите нема да ви се одвиваат со голема леснотија во врската, посебно ако совеста не ви е чиста и сте склони на паралелни врски. Проблеми може да имаат и оние кои своевремено не признале некои работи на партнерот, а сега ќе излезат на виделина. Не се советува да експериментирате, посебно доколку имате сериозен однос, посветете се на она што го имате и покажете трпение.
Ако сте слободни:
Кај слободните Близнаци можни се некои нови контакти и познанства, кои ќе доведат до не толку возбудлива, но стабилна љубовна романса. Можно е некој од блиското опкружување да покаже голем интерес за вас и да ве освои со доброто расположение и харизма. Со однесувањето може да ве потсети на некои претходни пријатни искуства, па ќе се водите по тоа и ќе уживате во доброто чувство.
Рак
Ако сте во врска:
Се чувствувате заводливо и привлекувате постојано внимание на некој од спротивниот пол, а тоа може да ве доведе до ситуација да започнете флерт и да си направите проблеми во врската. Нема потреба да форсирате емотивно ривалство или лично докажување со саканата личност, ниту да се истакнувате за да докажете нешто. Бидете отворени и кажете доколку ви недостасува нешто или ви е потребно поголемо внимание, наместо да го барате на друго место.
Ако сте слободни:
Слободните Ракови често ќе се впуштаат во флерт, но заради погрешни изјави или непромислени постапки, ќе западнете во конфликтни и комплицирани ситуации. Користете ја предноста што ја имате, но внимателно и рационално, не ви треба квантитет, туку квалитет. Во спротивно, статусот ќе остане непроменет, бидејќи и покрај големиот избор, лесно може да останете сами.
Лав
Ако сте во врска:
Во текот на декември може да имате впечаток дека не сте на исто ниво со партнерот, можеби и до тој степен што нема да останете на истиот пат и со истите планови. Разговарајте искрено за проблемите кои ви го оптоваруваат заедничкиот живот. Внимавајте на паралелни врски, начинот на кој се изразувате, секој погрешно кажан збор во комуникацијата, може да доведе до провоцирање нови проблеми.
Ако сте слободни:
Слободните Лавови ќе бидат привлечени од многу различни личности и периодов може да бидат малку неодлучни. Со секој од нив може да остварите дел од вашите интереси и имате заеднички теми и активности, но никој не е идеален. Тешко се вклопувате на долги патеки и како да не можете да увидите дали има вистинска хемија или некој јасен сигнал кој ќе ви укаже дали е тоа тоа. Сепак, ако има емоции, не се откажувајте лесно.
Девица
Ако сте во врска:
Ќе бидете малку таинствени и емоциите нема да ги покажувате на површина. Во наредниот период често ќе збунувате со своите изненадни промени во расположението и невообичаени постапки. Потребно е да ги расчистите вашите чувства и да се ослободите од вашиот емотивен ролеркостер кој се одразува на врската. Не претерувајте со непотребни аналитики кои само ви го комплицираат односот.
Ако сте слободни:
Имате чувства за некоја личност, но нема да бидете искрени и ќе ги задржите за себе. Во меѓувреме ве очекуваат бројни средби и интересни познанства, посебно во третата декада од месецот, кога секоја врска ќе може да се претвори во нешто повеќе. Размислете добро за кого ќе го отворите срцето и до кога ќе ги чувате вистинските емоции потиснати и скриени.