Љубовен хороскоп за декември 2025: Јарци – вашите погледи „на страна“ може да доведат до раскинување

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2025-jarci-vashite-pogledi-na-strana-mozhe-da-dovedat-do-raskinuvanje-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Месец декември ќе ви биде комплициран месец во кој малку ќе се преплетуваат љубовниот и професионалниот живот. Што и да се случува, одложете некои сериозни љубовни одлуки за втората половина од месецот. Периодот сега е динамичен, па треба да бидете воздржани и да не реагирате бурно веднаш. Кон крајот на месецот ситуацијата прилично ќе се стабилизира и ќе се појават некои нови поволности.

Ако сте слободни:

Слободните Ваги ќе се стремат кон надминување на предрасудите и границите кои во претходниот период непотребно си ги поставиле. Месецов ве очекуваат можности за нови врски или можеби обнова на некој скоро прекинат однос. Оние кои нема да се вратат на стара љубов, ќе запознаат личност со која ги очекува бурна врска, а ќе бидат подготвени да се впуштат во секаква заедничка комбинација.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во текот на декември можни се некои конфликти, но ве очекуваат добри околности кои ќе ви овозможат овие мали расправии да не се претворат во голема кавга и да не ја доведат врската под знак прашалник. Ќе бидете фокусирани на себе, ќе бидете самокритични и ќе правите што е во ваша моќ за да поправите некои работи кои сметате дека може да го подобрат квалитетот на врската. Генерално ве очекува поволен период во кој ќе уживате, но не заборавајте да се посветите на партнерот, не само на себеанализа.

Ако сте слободни:

Слободните Скорпии ќе имаат проблем со остварување комуникација и ќе бидат повеќе фокусирани на себе отколку да гледаат дали некој околу нив им праќа знаци дека е заинтересиран за нив. Можеби се чувствувате како невидливи и изолирани, но тоа не е точно, само треба да погледнете околу себе и да се впуштите во дружба. Ако одите на патување, можна е некоја романса со личност од странство, со потенцијал да порасне во нешто повеќе.

Стрелец

Ако сте во врска:

Моментално сте во несогласување меѓу желбите и можностите. Покрај тоа, раздразливи сте и подготвени за вербален судир без многу размислување што ќе кажете на партнерот. Понекогаш не е лесно да се разберат мислите и чувствата на партнерот, но тоа не е пресудно за заедничката среќа. Толеранцијата и воздржаноста се „магичните“ зборови за овој период. Работите стануваат полесни во втората половина на месецот.

Ако сте слободни:

Слободните Стрелци во декември ги очекува необична љубовна романса. Личноста што ќе ви привлече внимание и ќе ве освои емотивно, истовремено ви создава и тензија. Дури кога двајцата искрено ќе ги изразите чувствата, можно е складно функционирање и целосно задоволство. Мора да бидете свесни за ситуацијата и отворено да пристапувате, без скриени намери и потези.

Јарец

Ако сте во врска:

Овој период носи бурни случувања и многу нови, но и луѓе од минатото кои ќе се појават во вашиот живот. Сакате целосна сигурност во врската, но декември носи многу мешање од страна, како и ваши погледи „на страна“, па можно е да дојде до расправии, прекини и искушенија. Зголемениот проток на луѓе и настани ја усложнува комуникацијата.

Ако сте слободни:

Ви се отвора изобилство можности за нови запознавања, што ќе изгледа како речиси совршен тек на настаните овој декември. Но во тоа се крие и замка – ќе бидете во дилема за која опција да се одлучите. Сите нови шанси ќе бидат залудни ако им пристапите површно и ако не сте сигурни во својот избор. Бидете потемелни и размислувајте долгорочно.

Водолија

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот е хармоничен и мирен, но од средината започнуваат случувања што можат целосно да ви го променат животот, а ќе вклучуваат нова личност. Од втората декада проблемите стануваат покомплицирани, па веќе напнатите односи може уште повеќе да се заострат. Совет е да ги одложите сите одлуки за прекинување на врска додека сте во афект.

Ако сте слободни:

Постои некоја личност на која мислите веќе подолго време и која можеби ја идеализирате без потреба, а ќе сфатите сами. Ако не сте склони кон долги врски, ова е ваш период. Околу вас има многу расположени луѓе за разни видови дружење, а вие сте во центарот на вниманието. Тешко дека може да посакате подобро од тоа.

Риби

Ако сте во врска:

Во љубовниот живот или односот со саканата личност делувате ладно, забавено и незаинтересирано. Иако сте сигурни во своите чувства, би било добро повремено да го уверите и партнерот во тоа. За оние во стабилен брак периодот е добар за проширување на семејството и за семејни радости.

Ако сте слободни:

Овој период може да предизвика бурни реакции кај оние што мислат дека треба да им полагате сметко, посебно ако е некој што се смета за ваш партнер (а вие не го гледате така). Сепак, ќе биде онака како што ќе посакате и ќе одолеете на притисоците да направите компромис. Доколку запознаете нова личност, бидете доволно тактични, можна е квалитетна врска.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Три хороскопски знаци на кои ќе им се случи љубовен пресврт до крајот на јули 2026 Ова е период во кој многу парови ќе разговараат за својата заедничка иднина, ќе ...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...

Најчитани неделава