Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават

Рак
Раковите се сеќаваат преку емоции, па дури и најмалиот детаљ е врежан во нивната мемори, само ако бил поврзан со силно чувство.
Нивната меморија често има форма на јасни сцени, како мал личен филм што им се врти низ главата.
Тие лесно ги поврзуваат настаните, тонот на гласот и атмосферата на моментот, дури и мирисите што ги чувствувале во тој момент, а тоа ги прави исклучително перцептивни.
Понекогаш можат да ги изненадат другите со тоа што ќе се сетат на работи за кои никој не мислел дека се важни.
Токму оваа емоционална длабочина ги прави еден од најсилните знаци кога станува збор за меморијата.
Девица
Девиците не пропуштаат ништо бидејќи внимателно го анализираат секој детаљ што им се појавува пред очите.
Нивниот ум функционира како уредно организирана архива каде што информациите се подредени по некој логичен редослед.
Тие се сеќаваат на факти, датуми, дејства и низа настани со неверојатна прецизност.
Често знаат точно каде виделе нешто или што рекол некој без никакво двоумење и никој не може да ги побие.
Затоа, ако сакате да направите реконструкција на точен тек на настаните, побарајте помош од некој Рак (ако бил таму), наместо од другите.
Скорпија
Скорпиите памтат детали и на долг рок, а она што другите го заборавиле останува запишано во меморијата на Скорпиите, и тоа во детали.
Нивната способност да поврзуваат информации ги прави посебни, бидејќи се сеќаваат не само на тоа што се случило, туку и зошто.
Тие интуитивно чувствуваат ако некој има скриен мотив, се сеќаваат на секој момент што им бил важен или сомнителен.
Нивните сеќавања често се слоевити и поткрепени со силни чувства за одредениот момент.
Токму затоа се смета дека тие се знак кој речиси никогаш не заборава ништо.
А. Ј. | Црнобело
