На кои датуми ќе има ретрограден Меркур во 2026-та и како ќе влијае на секој хороскопски знак?
Ретроградниот Меркур во 2026-та година ќе се појави трипати и секојпат ќе трае околу 20 дена.

Ова ќе биде време на големи промени за секој хороскопски знак, кога работите најчесто ќе одат „наопаку“ за сите, кај некои помалку, кај некои повеќе.
Ретроградното движење на Меркур може да се сфати како повик да запрете и да преиспитате одредени аспекти од вашиот живот.
Многумина го обвинуваат овој феномен за своите неуспеси (приватни или деловни), но и за тешкотии во комуникацијата.
Меркур обично се движи „наназад“ три до четири пати годишно, а во 2026-та ќе има три периоди на ретрограден Меркур (и сите ќе се одвиваат во времето на владеењето на водните знаци).

Кога ќе имаме ретрограден Меркур во 2026 година?
Првиот е од 26 февруари до 20 март, (23 дена) и ќе се случува во знакот на Риби.
Вториот е меѓу 29 јуни и 23 јули (25 дена), односно во поголемиот дел ќе е во знакот на Рак.
Последниот ретрограден Меркур годинава ќе биде од 24 октомври до 13 ноември (21 ден), а ќе се случува во времето на Скорпијата.