Осум датуми во кои се раѓаат луѓе со космичка среќа

17-ти
Во нумерологијата, бројот 17 се поврзува со долгорочен успех, како и признание од другите.
Луѓето родени на 17-ти секогаш привлекуваат внимание, и тоа со нивната упорност и нивниот инегритет.
Среќата што ги следи секогаш е заслужена, а кога ќе ги допре, станува помоќна и поголема отколку што си замислувале.
21-ви
Луѓето родени на 21-ви се креативни, но и родени лидери.
Ова, пак, е како рецепт за успех, особено во нивниот социјален живот.
Тие настојуваат да ги привлекуваат вистинските луѓе во вистинското време и нивната среќа неретко потекнува од нивните односи со другите.
22-ри
Оние кои се родени на 22-ри се како архитекти на својата судбина и можат да ги реализираат и најамбициозните цели.
Обично им е судено да создадат нешто што ќе трае, како бизнис или движење што ќе живее долго после нив.
Нивната среќа не е случајна, туку е резултат од нивните визии, нивната духовност, но и нивниот допир со реалноста.
28-ми
Луѓето родени на 28-ми се интелигентни и подготвени да ризикуваат.
Обично се соочуваат со предизвици многу рано во животот, но секогаш знаат да ги надминат и ова ги прави уште посилни.
Кога ќе почнат да се потпираат на нивната креативност и на нивната сила, тогаш стануваат и непобедливи.
Спирова С. | Црнобело