Кој град треба да го посетите во 2026-та, според хороскопскиот знак?
Бикови, шетањето низ улиците на Рим ќе ви ја зголеми храброста, но и апетитот за уште поголеми авантури, а ќе ве научи и дека треба да си дозволите да уживате.

Годината само што започна, но тоа не значи дека не е време да се планираат патувањата за 2026-та.
А, ако не можете да се одлучите, веруваме дека астрологијата ќе ви биде од помош.
Кој град треба да го посетите во 2026-та, според вашиот знак?
Овен – Лос Анџелес, САД
Годинава ќе бидете полни енергија и ќе ви треба постојано движење.
Одново ќе ги откриете вашите страсти преку спонтаност и предизвици. Па, Лос Анџелес е градот кој може да ви го даде сето ова.
Бик – Рим, Италија
Оваа година ќе донесувате разумни одлуки, а ќе ја храните и вашата желба за уметничко изразување.
Шетањето низ улиците на Рим ќе ви ја зголеми храброста, но и апетитот за уште поголеми авантури, а ќе ве научи и дека треба да си дозволите да уживате.
Близнаци – Берлин, Германија
Берлин ќе ве охрабри да експериментирате со нов идентитет, но нови и идеи и нови начини на изразување.
Истовремено, ќе би помогне да сфатите дека не треба да се вклопувате секаде и дека некогаш е во ред да бидете и различни.
Рак – Кјото, Јапонија
Со години се соочувате со емоционални промени, а во 2026-та, конечно ќе здивнете.
Храмовите во Кјото, јапонските градини, но и традициите кои му дават душа на градот ќе ви дадат можност вистински да се опуштите и да го најдете вашето вистинско јас.
Лав – Кејптаун, Јужноафриканска Република
Ве очекува година во која ќе си ја вратите автентичноста, како и самодовербата. Поради ова, ќе научите да не бидете зависни од туѓото внимание.
Посетата на Кејптаун, која ќе биде патување исполнето со шетање, вкусна храна и жива култура, ќе ви помогне лесно да го прифатите сето ова.
Девица – Ванкувер, Канада
Ванкувер ќе ви даде можност да го одморите нервниот систем кој ви е преоптоварен.
Околината на градот ќе направи да се чувствувате како секој ден да е можност да го видите вашето вистинско јас и да се подобрите во секој аспект од животот.