Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во искушенија

Вага
Ако сте во врска
Имате силна потреба од поддршка од партнерот и важно е да постигнете договор околу нешто што ви е особено значајно. Не се оптоварувајте со минатото, бидејќи веројатно сте премногу врзани за личност која живее по свои правила. Ќе мора да покажете подготвеност за компромис и желба за попуштање обострано за да избегнете конфликти.
Ако сте слободни
Ќе имате можност да се сретнете со личност која ви е симпатична и која во последно време ја гледате почесто. Можно е да ве побара и некој со кого веќе сте биле некогаш во добри односи. Се трудите да останете во добри односи со сите, но најмногу ќе ве привлекуваат кариеристи, посебно бизнисмени. Сепак на крај е фер да се одлучите за една личност.
Скорпија
Ако сте во врска
Месецот ќе го започнете без посебни компликации, а во втората половина не треба премногу да се потпирате на партнерот поради недоверба или љубомора. Атмосферата дома може да биде студена, особено кај оние кои се долго во брак или врска. Ако сте во фаза на планирање заеднички живот, можеби ќе го решите тоа прашање, но не на начин како што сте очекувале.
Ако сте слободни
Почетокот на месецот не носи љубов каква што посакувате и многу е веројатно да налетате на личност која е тазе разведена или не е слободна или некој со кого веќе сте биле и не сте спремни на сериозна врска. Сепак најупорните ќе дочекаат да се сретнат со некој што јасно ќе покаже колку му значите, па можеби до крајот на месецот сепак ќе се впуштите во нешто интересно.
Стрелец
Ако сте во врска
Ќе бидете преокупирани со работа и финансии, па ќе имате малку време за партнерот. Можни се тензии поради љубомора. Средината на месецот носи поддршка од партнерот за вашата кариера. Во втората половина од месецот можно е решавање на станбено прашање или влегување во брак, дури и ако врската е кратка.
Ако сте слободни
Можно е тајна врска на почетокот од месецот. Може да ве привлече личност присутна во јавноста. Сепак, веројатно ќе „паднете“ во замката на личност на која не можете целосно да се потпрете, но нема да имате толеранција за многу ситуации кои ќе излезат непредвидено, па големи се шансите месецот да го завршите потпрени само на себе.
Јарец
Ако сте во врска
Можно е да имате чувство дека партнерот не е доволно искрен или е премногу фокусиран на работата. Месецот е динамичен, со можни расправии, но ќе покажете толерантност особено ако гледате дека партнерот сепак има добра намера. Ако сте во брак или сериозна врска, крајот на месецот носи важни одлуки поврзани со заедничкиот живот.
Ако сте слободни
Ќе запознаете личности преку работа, а можно е да ве привлече некој што се занимава со уметност. Се очекува во текот на месецот да се споите со личност која може да има потенцијал за стабилна врска, но тука ќе има и друга личност, која ќе ве интригира и можеби ви излегува често во пресрет, но ќе се двоумите дали е материјал за сериозно.
Водолија
Ако сте во врска
На почетокот на месецот ќе имате можност да разговарате за важни прашања поврзани со вашиот статус во врската. Под силно влијание сте од страна на љубовниот партнер и ќе се ангажирате повеќе за него. Подготвени сте да се посветите на она што го сакате, можно е да планирате проширување на семејството, влегување во брак или да направите одредени жртви за саканата личност.
Ако сте слободни
Слободните Водолии месецов ќе запознаат личност која ќе им се допадне на прв поглед. Брзо ќе се зближите благодарение на тоа што ќе имате многу заеднички особини, размислувања и теми за разговор. Тука може да се вмеша и некоја личност од работа која долго сте ја игнорирале. Размислете со која сакате да започнете хармоничен и стабилен однос.
Риби
Ако сте во врска
Не мора да значи дека вашиот партнер е незадоволен од вас или од вашиот однос, може на расположението да му влијае работата и кариерата. Ќе имате можност да разговарате за иднината и ќе покажете многу разбирање и поддршка, што ќе биде многу ценето. Ако сте подолго во врска, можно е планирање брак, а доколку веќе сте во брачните води, уште повеќе ќе ги зацврстите односите.
Ако сте слободни
Може да ви се допадне личност која е во брак или долга врска, но нема лесно да се откажете. Имате потреба од мирна врска, но и од побогат социјален живот. Пробајте да го направите посодржајно вашето слободно време. Не се потпирајте премногу на помошта од другите за лични прашања – сами ќе мора да ги решите.
М. М. | Црнобело
