Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во искушенија
Јарци - Пред вас е избор помеѓу сигурна врска и некој што ве интригира, но не нуди стабилност. Што ве очекува на љубовно поле во месец февруари, месецот на љубовта?

Февруари е познат и како месецот на љубовта, но кај многу хороскопски знаци нема да летаат Купидонови стрели.
Какви љубовни односи ве очекуваат вас во февруари 2026, според хороскопот?
Овен
Ако сте во врска
Многу се потпирате на некој кој делува како посредник и ви помага да ги средите односите со партнерот. Можно е да бидете понервозни во комуникацијата и да немате трпение за партнерот, а може да бидете склони и кон тајна, паралелна врска. На крајот од месецот ќе бидете подготвени да се ангажирате малку повеќе за постоечката врска.
Ако сте слободни
Првата декада од месецот може да донесе страсна врска со личност која одамна ја познавате, но не сте сигурни што да очекувате од таа врска. Можно е брзо да влезете во однос и многу наскоро да добиете можност да разговарате за заеднички живот. Потребно ви е само малку повеќе внимание што ви недостасува за да се ангажирате сериозно.
Бик
Ако сте во врска
Ова е период кога можете да го средите љубовниот живот доколку сте доволно трпеливи и толерантни. Не се нервирајте ако работите не се одвиваат според планот, понекогаш вреди трудот. Средината на месецот носи додворување на работното место, па внимавајте како ќе одговорите на тоа и дали ќе го фрлите во вода претходниот труд.
Ако сте слободни
Можно е ново познанство кое ќе биде многу значајно. Имате можност и да обновите врска која за вас била исклучително значајна, но веројатно ќе сакате нови авантури и нема да имате желба да се врзувате. Потребен ви е поквалитетен социјален живот.
Близнаци
Ако сте во врска
Имате потреба да расчистите некои стари недоразбирања со партнерот, особено ако станува збор за личност од минатото. Очекувањата може дополнително да ве оптоварат. Ако сте во брак, партнерот ќе биде силно фокусиран на заработката и ќе очекува ваша поддршка или заедничка работа на проект што може да вклучува патувања или соработка со странци.
Ако сте слободни
Средината на месецот носи ново познанство или помирување со некој од минатото, со можност за разговор за заеднички живот. Имате одлична можност да започнете нови односи. Во втората половина од месецот може да се јави двоумење и тешкотии во изразувањето на емоциите. Важно е да знаете на што сте прво во себе, а потоа да го расчистите и со другата страна тоа.
Рак
Ако сте во врска
Вашиот партнер ќе биде фокусиран на кариерата, но во втората половина од месецот може да дојде до промени, што ќе ве поттикне да размислувате за вклучување во семеен бизнис. Ќе имате потреба да ги надградите своите знаења, можеби странски јазици, а партнерот ќе ве поддржи. На крајот од месецот може да се појави сомнеж во искреноста.
Ако сте слободни
Многу е веројатно да се впуштите во флерт со личност која често патува, но живее во ваша близина. Некој со кого не сте очекувале да се поврзете. Средината на месецот носи силни емоции и можност за тајна врска, но кон крајот на месецот ќе се посомневате и ќе сакате да дознаете нешто од минатото на таа личност.
Лав
Ако сте во врска
Почетокот на месецот може да донесе расправии во семејството поради вашето неподнесување на ограничувања. Сепак, ќе имате можност да го подобрите односот со партнерот ако се потрудите да ја надминете кризата обострано. Средината на месецот носи зголемена љубомора, а крајот флерт и можни конфликти околу ситници поврзани со финансии.
Ако сте слободни
Месецов може да добиете повик или покана за средба од некоја личност која ви е посебно драга. Ќе бидете поактивни во однос на социјалниот живот и ќе се фокусирате повеќе на дружење отколку на сериозни врски. Имате многу барања и високи критериуми кои не се исполнуваат лесно. Крајот на месецот носи познанство и позитивен пресврт во социјалните контакти.
Девица
Ако сте во врска
Ќе имате можност да разговарате за важни прашања поврзани со заедничкиот живот. Партнерот е попустлив и свесен дека мора да тактизира и да има дипломатски пристап со вас, а вие сепак имате почит, независно колку долго сте заедно. Можно е преселување или решавање на станбено прашање и конечно надминување на старите пречки. Подготвени сте на големи промени.
Ако сте слободни
Почетокот на месецот носи нови средби и љубовни можности. Подготвени сте да работите на себе, да бидете фер кон личностите со кои флертувате или се гледате и да се поставите на поинаков начин за разлика од порано. Крајот на месецот ве прави заинтересирани за некој што е многу посветен на кариерата, а токму тоа ќе ве привлече.
