Каква трансформација ве очекува во годината на Коњот, според кинескиот хороскоп?
Куче – Во годината на Коњот ќе се ослободите од се што не ви служи и ќе се свртите кон минимализмот. И, ова не се однесува само на материјални нешта – ќе се збогувате со луѓето кои ви штетат, со лошите навики, со верувањата што не ви се од корист…

Кинеската нова година го означува почетокот на новата година според кинескиот календар.
Првиот ден од Кинеската нова година се одредува според младата месечина која се појавува помеѓу 21 јануари и 20 февруари.
Годинава, тоа е 17-ти февруари.
Според кинескиот хороскоп, пак, ова е годината на Коњот која ќе му донесе многу трансформации на скоро секој знак.
Каква трансформација можете да очекувате вие?
Тигар
- Родени во: 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022
Оваа година најмногу ќе ја чувствувате слободата на професионално поле.
Можно е да преземете лидерска функција, да почнете свој бизнис или да најдете дополнителен извор на приход.
И покрај поволната година, сепак ќе биде клучно да направите добар финансиски план.
Змија
- Родени во 1965, 1977, 1989, 2001, 2013, 2025
Во годината на Коњот ќе почнете да гледате резултати од изминатиот труд, а најголема промена ќе забележите во финансиската состојба.
Можни се мали промени и во врските со другите и може да се појави тензија. Но, ќе можете да ја промените ситуацијата ако поработите на довербата.
Петел
- Родени во 1969, 1981, 1993, 2005, 2017
За вас, годината на Коњот ќе биде мошне продуктивна и стабилна.
Најголемата трансформација пак, ќе ја забележите на љубовен план.
Рутината ќе ви помогне да го подобрите односот со партнерот, а доколку сте сингл, можно е да најдете личност со исти ставови и верувања како вас.
Стаорец
- Родени во: 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020
Во годината на Коњот ќе се истакнувате повеќе, а ова може да води до унапредување или понуди за подобри позиции.
Иако ве очекува голема промена на професионално поле, не значи дека веднаш ќе ја подобрите финансиската ситуација, па препорачливо е да бидете повнимателни.
Зајак
- Родени во: 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023
Мирот и емоционалната стабилност ќе ви бидат приоритет, па токму овде ќе забележите најголема промена во годината на Коњот.
Ќе бидете мотивирани да водите подобра грижа за себе, ќе се опкружувате со луѓе кои вистински ве ценат, а сето ова ќе ви помогне да ги подобрите и другите аспекти од животот.
Свиња
- Родени во 1971, 1983, 1995, 2007, 2019
Ќе забележите позитивна промена во начинот на комуникација, а ќе станете подобри и во однесувањето одлуки.
Сето ова ќе ви донесе низа примамливи можности, а ќе ви помогне и да го подобрите социјалниот живот.
Генерално, во годината на Коњот ќе бидете многу поотворени.