Што да направите пред ретроградниот Меркур на 26 февруари, за да не ви оди сè наопаку?

Финализирајте ги плановите за патување
Купувањето билети, резервирањето хотели и организирањето патувања е директно поврзано со пари, па поради тоа, експертите препорачуваат доколку имате планови поврзани со патување да ги забрзате и да ги направите пред крајот на февруари.
За време на ретроградниот Меркур се чести проблеми со транспортот, губењето документи или откажувањата на летови.
Почнете или финализирајте нови проекти
Ако планирате да почнете нов бизнис, некој креативен проект - не го одложувајте.
Или ако некој проект ви е пред крај, побрзајте да го финализирате за да не наидете на непремостливи проблеми кои може да ги донесе овој период.
По 26ти не се препорачува да почнете нешто од нула, без оглед дали е тоа поврзано со деловни или приватни активности.
Исчистете ги вашите уреди и направете резервни копии
Ова можеби ви делува смешно во моментов, но веројатноста да избришете важен документ, галерија со фотографии или дури и да ви го украдат мобилниот или лаптопот е поголема во времето на ретроградниот Меркур, отколку во останатите денови од годината.
Затоа, отстранете ги непотребните датотеки, ажурирајте ги апликациите и не заборавајте да ги зачувате податоците.
За време на ретроградниот период и техничките дефекти се почести.
А. Ј. | Црнобело