Што да направите пред ретроградниот Меркур на 26 февруари, за да не ви оди сè наопаку?
Иако во деновите додека трае ретроградниот Меркур (обично околу три недели) многу работи можат да тргнат наопаку, астролозите тврдат дека постои начин да се ублажи неговиот негативен ефект.

Ретроградното движење на планетата Меркур најчесто се поврзува со одложување на работите, конфузија, финансиски проблеми, лоши приватни одлуки, љубовни проблеми... кај секого различно.
Од друга страна, има и добри страни, но нив како да не ги гледаме во „морето“ проблеми со кои се соочуваме.
Па, што можете да направите за да ги избегнете тешкотиите во текот на првиот ретрограден Меркур, кој почнува на 26 февруари?
Завршете ги важните преговори и потпишување документи
Ако планирате сериозни преговори, деловни зделки или потпишување договори, направете го тоа пред 26ти февруари.
Откако ќе почне ретроградното движење на планетата, можни се одложувања, грешки, недоразбирања, обид за измама, дури и откажување на договорот.

Решете ги љубовните проблеми или разјаснете ги личните односи
Ако имате каков било семеен или љубовен проблем, обидете се да го решите пред 26ти, во спротивно тој може да се продлабочи, ескалира и наместо да имате мир, ќе ви се случува хаос.
Однапред разговарајте со семејството, партнерот, колегите и пријателите за заедничките планови, обврски и очекувања и на тој начин избегнете недоразбирања.
Распоредете ги парите
Финансиската дисциплина е особено важна пред ретроградниот период.
Отплаќањето заостанати долгови, давањето пари за кредити или решавањето на некоја финансиска дилема ќе ви донесе душевен мир.
Според експертите - банкарските системи и паричните трансакции функционираат посигурно кога Меркур е во своето директно движење.