Утре почнува првиот ретрограден Меркур во 2026 - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?
Водолии - Додека Меркур оди ретроградно низ вашата куќа на финансиите, внимавајте на вашите пари за да избегнете непријатни финансиски изненадувања.

Ретроградниот Меркур во оваа година ќе се појави дури трипати и секојпат ќе трае по околу 20 дена.
Првиот ретрограден Меркур почнува утре, 26 февруари и ќе трае цели 23 дена, до 20 март, а ќе се случува во знакот на Риби.
Што ќе донесе за секој хороскопски знак?
Овен
Во следните 23 дена не форсирајте ништо, бидејќи наместо работите да тргнат нанапред, ќе почнат да одат надолу.
Искористете ги следните неколку недели само за да го завршите она што е недовршено. Можно е да треба да оставите зад себе и луѓе или работи кои повеќе не ви мислат/служат добро, и тоа е во ред.
Не гледајте негативно на ова случување - тоа не значи дека се откажувате, туку дека самите правите простор некоја подобра опција да влезе во вашиот живот.
Бик
Не можете да бидете најдобри пријатели со целиот свет и во текот на следните три недели вашиот круг на блиски луѓе би можел значително да се намали.
Во овие денови е можно да ја видите другата страна на некоја личност, но не очајувајте. Вистинските пријатели се докажуваат со тоа како се справуваат со пречките.
Постои можност да решите сè директно и со љубов и вреди да се обидете. Но, ако тоа значи да се изгубите себеси, подобро е да тргнете по својот пат.
Близнаци
Овој ретрограден Меркур кај вас ќе се фокусира на кариерата. Сигналите на работа можат да бидат измешани, а професионалните планови да треба да ги ставите на чекање.
Но, искористете го овој период за ревизија и усовршување - дури и ако се вратите на почетокот, нема да останете таму долго.
Можен е конфликт со колега кој ќе ве извади од рамнотежа, но исклучете ги емоциите колку што е можно повеќе и фокусирајте се на големите цели што сакате да ги постигнете.
Рак
Ако имате список на работи што мора да ги направите, проверете го двапати, бидејќи некои работи во моментов се невозможни.
Погрижете се сите патувања, авантури, па дури интерни состаноци во фирмата да ви бидат организирани со целосна прецизност - само така ќе се заштитите од проблеми.
Ако планирате патување, играјте на сигурно и земете патничко осигурување. Или ако имате проект за промоција, правете го тоа пополека во текот на следните три недели, а дури потоа тргнете напред со сите адути што ги имате.
Лав
Време е да се вратите назад и прашајте се себеси дали сте занемариле нешто „мало и незначително“ неодамна и справете се со тоа што е можно поскоро, бидејќи потенцијалниот проблем може брзо да ескалира.
Обрнете повеќе внимание и бизнисот со важен клиент - побарајте целосна потврда за основните работи, почнете да составувате договор, но потпишете го дури по три недели.
На љубовно поле овој ретрограден период може да разбуди интензивни емоции, или да го најави враќањето на поранешен партнер.
Девица
Во следниот период очекувајте нејасни комуникации, бидејќи вашиот владетел Меркур се движи во ретроградна положба.
Но, таа промена може да биде добра - конечно ќе започнете важни разговори што долго ги одложувавте.
Бидејќи ретроградните периоди го враќаат минатото, можеби ќе треба повторно да поминете низ стара драма пред да продолжите понатаму, а бидете подготвени и за повторно разгорување на старата љубов.