Утре почнува првиот ретрограден Меркур во 2026 - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?

Вага
Ова е период кога треба да се ослободите од непотребните предмети - од вашиот плакар до стари пораки во телефонот.
Тоа ќе ви создаде простор за нови работи или ќе им дадете шанса на нови личности да влезат во вашиот живот.
При разговорите, размислете двапати пред да кажете нешто непријатно, особено ако е во писмена форма - никогаш не знаете каде може да заврши пишана трага.
Скорпија
За вас доаѓа период на искушение, а во текот на следните три недели, додека Меркур оди ретроградно низ вашата куќа на љубовта, романтичните пораки можат да бидат измешани.
Ако сте слободни, може да почувствувате силна привлечност која е и возбудлива, а може да барате и совет од пријател што да правите на ова поле.
Размислете внимателно и дали вреди да се вратите кај вашиот бивш партнер кој веќе ви го скршил срцето. Без оглед на вашиот љубовен статус, малку самодисциплина многу ќе ви помогне во овој период.
Стрелец
Во овој период очекувајте тензии со семејството - проблеми со роднини или цимери кои може да се појават ненадејно.
Поставете нови и фер правила во домот и при распоредот за домашни работи, што може да смири одредени тензии.
Постои можност за поврзување со семејството (во последните денови од периодот), особено со сакана жена како што е мајка, сестра или омилена тетка.
Јарец
Меркур оди ретроградно во вашата куќа на комуникацијата, што може да предизвика „мешани пораки“ насекаде.
Внимателно изберете го секој збор за да избегнете недоразбирања и емоционални испади. А ако споделувате нешто јавно, прво отстранете го најмалиот сомнеж за таа информација.
Искористете го периодов за да се посветите повече на вашите хобија, а и дружењето со стари пријатели ќе ви го подобри расположението.
Водолија
Додека Меркур оди ретроградно низ вашата куќа на финансиите, внимавајте на вашите пари за да избегнете непријатни финансиски изненадувања.
Проверете дали сите сметки се платени на време, дали имате доволно средства за дополнителни трошоци. Не е лошо да издвоите малку за вашиот фонд за итни случаи или за патување.
Размислете дали треба да ги зголемите вашите приходи - клучот може да биде во рацете на поранешен колега.
Риби
Додека Меркур оди ретроградно во вашиот знак во следните три недели, може да се најдете во ситуации каде што ќе бидете целосно погрешно разбрани.
Наместо да форсирате нешто и на крајот само да бидете фрустрирани, подобро е да направите пауза.
Искористете го овој период за да ги „дотерате“ плановите, да ги прилагодите пораките и да се подготвите за повторно да го забрзате темпото кога Меркур ќе тргне во директен правец.
А. Ј. | Црнобело