Која врата ви ја отвори вчерашната лунарна еклипса, според хороскопскиот знак?
Лавови, можеби ќе сфатите дека проектите во кои сте вложувале многу енергија не се во склад со вашите вредности. Или, почнувате да ја разбирате вашата вистинска вредност, па веќе не се задоволувате со помалку од она што заслужувате.

Вчера (03.03) имаше затемнување на Месечината кое, за жал, не беше видливо од кај нас.
Но, без разлика од каде е видлива, лунарната еклипса има влијание врз секој хороскопски знак.
Според астрологијата, лунарната еклипса може да направи трансформација во одредена област од животот, а бидејќи оваа се случува во период на ретрограден Меркур, влијанието може да биде посилно.
Која промена ви ја донесе оваа лунарна еклипса?
Овен
Најмногу ќе го почувствувате влијанието на лунарната еклипса кај вашето здравје.
Време е да се ослободите од навиките и рутините што ви штетат или барем да пробате да воведите некои кои знаете дека се добри за вас.
Сега е висинско време да почнете да водите подобра грижа и за физичкото, и за психичкото здравје бидејќи ќе ја имате потребната мотивација за да ги направите промените.
Бик
Веројатно сте чувствувале ограничување за тоа како да се справите со односот со другите луѓе во вашиот живот, како партнер, пријатели и членови на семејството.
Оваа еклипса го означува периодот кога треба да се ослободите од стравовите што ве кочат и да си дозволите вистински да уживате во радосните моменти во животот.
Истражете ја вашата креативност преку дружбата со другите бидејќи ќе ја имате нивната поддршка.
Близнаци
Најверојатно затворате поглавје поврзано со вашиот дом, односот со најблиските, како и вашите емоционални рани.
Лунарната еклипса го свртува фокусот кон овие работи, па колку и да ви било тешко досега, ќе успеете да се стабилизирате.
Покрај тоа што ќе ги решите проблемите во овие области, лунарната еклипса ќе ви помогне и одново да го дефинирате вашиот професионален пат.
Рак
Енергијата што ви ја донесе лунарната еклипса е навистина силна, а најмногу ќе ја чувствувате во комуникацијата со другите.
Време е да го промените начинот на којшто ги споделувате вашите идеи и се поврзувате со другите и да си дозволите да бидете поотворени.
Истовремено, редно е да ставите и граници во односот со другите и да почнете да ја штитите вашата енергија.
Лав
Оваа лунарна еклипса најмногу влијае врз вашата финансиска состојба.
Можеби ќе сфатите дека проектите во кои сте вложувале многу енергија не се во склад со вашите вредности.
Или, почнувате да ја разбирате вашата вистинска вредност, па веќе не се задоволувате со помалку од она што го заслужувате.
Сега е вистинско време да направите план и добро да го осмислите следниот чекор.
Девица
Најголема промена ќе забележите во начинот на кој се гледате себеси, но и како се претставувате пред другите.
Ако сте сакале другите да имаат подобро мислење за вас, оваа лунарна еклипса ви дава можност за токму тоа.
Вашата самодоверба се зголемува, ќе почнете да водите подобра грижа за себе и со сето ова ќе оставате подобар впечаток без многу труд.