Која врата ви ја отвори вчерашната лунарна еклипса, според хороскопскиот знак?

koja-vrata-vi-ja-otvori-vcherashnata-lunarna-eklipsa-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Лунарната еклипса најмногу ќе се одрази врз вашата духовност – ќе се поврзете со себе на ново, подлабоко ниво, а вашата интуиција станува многу поизразена.

Сега е одличен период да размислите за тоа дали водите добра грижа за вашата психичка и емоционална состојба и да ги направите потребните промени.

Можеби треба да ставите крај на некое пријателство или, пак, да го промените терапевтот за да се чувствувате подобро и посмирено.

Скорпија

Најголемото влијание ќе го почувствувате во социјалниот живот.

Можеби ќе ви стане јасно дека некои пријателства веќе не ви служат и време е да ги оставите во минатото.

Истовремено, ви се зголемува желбата да ја покажете вашата креативност и да го искажете вашето мислење, но пред луѓе кои знаете дека ќе го ценат тоа.

Овие промени може да ви се чинат страшни, но и самите сте свесни дека се за ваше добро.

Стрелец

Лунарната еклипса има најголемо влијание врз вашата кариера.

Можно е да сфатите дека стратегијата што ја имате сега не функционира како што сте планирале, а голема е веројатноста да ви се пружи некоја мошне добра можност.

Како и да е, овој период е важно да ја следите вашата интуиција, да им верувате на вашите инстинкти и брзо ќе ја забележите позитивната промена.

Јарец

Подготвени сте да се ослободите од некои застарени верувања, па дури и од луѓе за кои станувате свесни дека само ви штетат.

Лунарната еклипса ве прави посмели, но и пожелни за нови авантури и подобро утре.

Подготвени сте да ги направите потребните промени и вашата визија за иднината станува многу појасна.

Водолија

Најголемо влијание ќе почувствувате во финансиската состојба, особено ресурсите што ги делите со некој друг, без разлика дали партнер или член на семејството.

Истовремено, ќе најдете начин да го продлабочите односот со оваа личност.

Темите на разговор кои сте ги сметале за табу сега нема да ви претставуваат проблем и ќе сфатите дека повеќето грижи и стравови сепак биле неосновани.

Риби

Лунарната еклипса најмногу влијае врз односот со другите, поточно што вие вложувате во овие врски.

Ви станува јасно дека некогаш самите треба да си бидете приоритет, како и дека нема да можете да бидете добар партнер или пријател ако прво не водите грижа за себе.

Дозволете ѝ на интуицијата да ве води, слушајте ги потребите на вашето тело и брзо ќе забележите позитивна промена.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Годината на раѓање открива што ве очекува до крајот на 2025-та - Дали ќе бидете среќник или малер? Некој ќе доживее големи промени на подобро, друг го очекува финансиски напредок....
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...

Најчитани неделава