Најголемите лаги што си ги кажуваме на самите себе, според хороскопскиот знак

najgolemite-lagi-shto-si-gi-kazhuvame-na-samite-sebe-spored-horoskopskiot-znak-011.jpg

Вага

Вие верувате дека хармонијата автоматски значи и емотивно здравје, и затоа избегнувате конфликти - се плашите дека секоја караница може да ве повреди длабоко.

Се лажете и дека е подобро да сте неутрални, да премолчите работи, отколку да кажете нешто, па да ве демантираат.

И најголемата лага што си ја кажувате и во која верувате е дека ако постојано ги задоволувате желбите на другите, тие ќе ве сакаат и ценат.

Скорпија

Верувате дека само ако имате цврста контрола над ситуацијата, ќе спречите некој да ве изневери или да ве повреди емотивно.

Вие се лажете себеси дека е погрешно да покажете колку сте ранливо, зашто тогаш другите уште повеќе ќе можат да ве повредат.

А ова на крајот може да резултира со ваша изолираност од околината.

Стрелец

Вие често верувате дека слободата и одговорноста не можат да коегзистираат, и затоа емотивната поврзаност со некој ви прави да се чувствувате како да сте заробени во кафез.

Често ви се врти мислата дека некој се обидува да ви ја ускрати независноста, и се лажете дека да се биде во сериозна врска е еднакво на пропаст за вашиот слободен и авантуристички дух.

Затоа мора да научите да им верувате на луѓето и да сфатите дека длабоките емоции не се стапица од која мора да побегнете.

Јарец

Вие постојано си повторувате дека вредите онолку колку што сте им од полза на другите или колку што можете да направите за себе.

Па кога нема да бидете тука за некого или кога вашата продуктивност ќе се намали, почнувате да верувате дека не вредите.

Ова е најголемата лага што си ја кажувате на себеси - време е да заборавите на неа.

Водолија

Вие верувате дека ако се дистанцирате од другите тоа ќе ви донесе слобода и независност, но поверојатно е дека ќе бидете осамени наместо самостојни и среќни.

Се лажете себеси дека не ви се важни чувствата на другите, а во реалноста, така се штитите зашто не сакате тие да влијаат на вас.

Престанете да се лажете дека ако ги избегнувате проблемите и луѓето, ќе ве води сопствената самодоверба и дека ќе можете да постигнете повеќе во животот.

Риби

Вие верувате дека чувствата на околината секогаш се одразуваат на вас и дека е лошо тоа што сте меѓу најемпатичните луѓе во Зодијакот.

Затоа пробувате да се дистанцирате од околината и да поставите граници дури и кога не треба - се лажете дека тоа ќе ви даде психички мир.

Немојте да се лажете дека ако поставите јасна граница, тоа ќе ја намали вашата емпатија.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...
Пресвртот што ќе ви се случи летово и ќе ви го промени животот, според хороскопскиот знак Ракови, конечно ќе дозволите некој друг да се грижи за вас и да ви покаже дека в...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg