Најголемите лаги што си ги кажуваме на самите себе, според хороскопскиот знак
Стрелци - Често во глава ви се врти мислата дека некој се обидува да ви ја ускрати независноста, па се лажете себеси дека ако влезете во сериозна врска тоа ќе го уништи вашиот слободен и авантуристички дух.

Понекогаш сите си кажуваме лаги на самите себеси за да си го олесниме животот. Како во приказната за лисицата и „киселото“ грозје. Или, се лажеме за да се заштитиме себеси.
Но, ако премногу долго си ги повторуваме истите лаги, во нашата глава тие може да станат реалност во која ќе почнеме да веруваме, дури и без да го забележиме тоа.
Астролозите велат дека секој хороскопски знак се лаже самиот себеси за истите работи.
За што се лажете вие, според тоа што сте во хороскопот?
Овен
Верувате дека брзината е сила, па секогаш сакате да ги завршите работите наеднаш.
А ако се најдете во ситуација да сте нерешителни и да се двоумите, за вас тоа е знак на лична слабост.
Се уверувате себеси дека ако запрете, ќе ја изгубите контролата над работите и ќе изгледате смешни - тоа е најголемата лага што си ја кажувате.
Бик
Живеете во сопствената лага дека стабилноста автоматски значи и сигурност.
А поради оваа навика и стравот да преземете ризик, сами си ја одземате можноста да уживате во малите нешта и да бидете спонтани и среќни без претходно планирање.
Поради вашата желба за „сигурно тло под нозете“, честопати сте незадоволни од животот, работата, врската, но го прифаќате тоа, лажејќи се себеси дека така треба да биде и дека не треба да ризикувате за ништо.
Близнаци
Вие се лажете себеси дека ако разберете нешто интелектуално, тоа истовремено може да го преживеете и емотивно - размислувањето за емоциите не е исто што и вистинското чувствување на одредени емоции.
Вие се лажете дека ако доволно долго размислувате за некој емотивен проблем и барате решение во вашиот ум, е исто како да сте разговарале со некого на таа тема.
Верувајте, чувствата не се само „црни и бели“, и низ голем дел од нив не можете да „протрчате“ сами.
Рак
Вие верувате дека љубовта бара постојано да бидете емоционално отворени и дека вие сте одговорни и за туѓите чувства, а не само за своите.
Постојано си ја повторувате истата лага - дека ако не покажувате чувства јавно и постојано, ќе бидете отфрлени или одбиени.
Не е точно дека близината или љубовта со некого бара од вас постојано да се жртвувате за нив, а да се запоставите самите.
Лав
Вие живеете во лага дека „да се виде виден“ е исто што и „да ме ценат“, затоа што својата моќ ја добивате токму од восхитувањето од другите луѓе.
За вас критиката е најлошото нешто што некој може да ви го каже, па почнувате да се лажете дека тоа е од љубомора и завист.
Со текот на времето дури и се „губите“ и престанувате да правите разлика помеѓу реалноста и она што сте си го замислиле и за што верувате дека е вистина.
Девица
Вие се лажете самите себеси дека ако ги држите работите под контрола, ако организирате сè по ваше, ќе можете однапред да ја спречите емотивната болка, но животот не функционира така.
Често се критикувате самите за грешките или ако не сте се вложиле доволно во нешто, па ако долго време го правите тоа, дури и почнувате да верувате дека сè неубаво или погрешно е по ваша вина.
Не го анализирајте секое чувство, не пробувајте да ја исконтролирате секоја ситуација и престанете да се лажете дека ако не ги држите „сите конци во рака“, светот ќе пропадне.
