Денес завршува ретрограден Јупитер - За 4 хороскопски знаци почнува период на среќа, пари и животни промени

Рак
Јупитер има особено силно влијание за вас, бидејќи е во вашата прва куќа, а тоа симболизира личност, идентитет и личен развој.
За време на ретроградниот период, многу од вас беа загрижени за сопствениот напредок и остварување на личните цели.
Но сега, кога планетата повторно оди директно, пред вас се отвораат нови можности во различни области од животот - од работа и финансии, до љубов и здравје.
Некои Ракови ќе имаат чувство дека работите конечно си доаѓаат на свое место и дека повторно се на вистинското место во вистинско време, а тоа ќе предизвика чувство на раст и самодоверба.
Близнаци
Вам ретроградниот Јупитер ви беше во втората куќа, а тоа е поврзано со пари, материјални вредности и лична самодоверба.
Во овој период многу од вас ги преиспитаа своите финансиски планови и начинот на кој управуваа со парите.
Но, сега кога Јупитер почнува да оди директно и работите почнуваат да се движат напред.
Пред вас ќе се појават нови деловни можности, зголемување на платата или напредување во кариерата.
Во исто време, расте и вашето чувство на самодоверба, па затоа полесно и посигурно ќе се потпирате на своите таленти.
Скорпија
Кај вас Јупитер транзитира низ деветтата куќа, а таа е поврзана со знаење, патување, филозофија и проширување на хоризонтите.
Сега, кога Јупитер почнува да оди директно, многу од вас ќе почувствуваат силна потреба за учење, истражување и да искусите нови работи.
Овој период може да ви донесе личен напредок преку образование, курсеви, професионален развој, а можно е и патување што ќе ви го смени животот.
Деветтата куќа е поврзана и со правни прашања, медиуми, издаваштво и технологија, па затоа може да се појават нови можности ако сте вклучени во некоја од овие области.
Риби
Кај вас Јупитер транзитира низ петтата куќа, а таа е поврзана со љубовта, креативноста, пријателствата и уживањето во животот.
Бидејќи од 10 март Јупитер повторно оди директно, овие области од животот ќе почнат да добиваат нова енергија.
Ако сте сингл, постои голема шанса да запознаете личност која би можела да игра важна улога во вашиот живот, а ако сте се во врска, следниот период носи повеќе романса, радост и убави моменти.
Петтата куќа е поврзана и со креативност и талент, па затоа многу од вас ќе ги покажат своите способности во уметноста, пишувањето, музиката или други креативни области.
А. Ј. | Црнобело
