Денес завршува ретрограден Јупитер - За 4 хороскопски знаци почнува период на среќа, пари и животни промени
Некои Ракови ќе имаат чувство дека работите конечно си доаѓаат на свое место, а дека вие сте повторно на вистинското место во вистинско време и тоа ќе ви предизвика чувство на нова самодоверба.

Денес, 10 март, Јупитер конечно ќе го заврши своето ретроградно движење и повторно ќе оди во директен правец, откако во ноември 2025 почна неговото „движење наназад“.
А според астрологијата, тоа носи повеќе среќа, пари, но и промени во животот на хороскопските знаци.
Кога Јупитер оди во директен правец, енергијата се менува - идеите и плановите што досега биле во фаза на размислување ќе почнат да се остваруваат.
Иако сите 12 знаци во Зодијакот ќе бидат позитивно „погодени“ од ова влијание, сепак, 4 од нив ќе влезат во вистински позитивен период на просперитет, материјален напредок и позитивни животни околности.
