Три хороскопски знаци за кои овој петок 13-ти навистина ќе биде баксузен

Иако повеќето нема ни да забележат дека денес е петок 13-ти (втор годинава), за некои хороскопски знаци, ова ќе биде ден со многу предизвици.

tri-horoskopski-znaci-za-koi-ovoj-petok-13-ti-navistina-kje-bide-baksuzen-01.jpg

Не е познато од каде точно потекнува суеверието, но петок 13-ти се смета за баксузен ден можеби и со векови наназад.

Некои веруваат дека потекнува од нордиската митологија, други го поврзуваат со последната вечер на Исус пред распнувањето, а има и верување дека суеверие потекнува од 1307 година, кога на 13-ти октомври (петок) кралот Филип IV од Франција ги уапсил и убил витезите Темплари.

Без разлика на потеклото, факт е дека суеверието за петок 13-ти е присутно и денес.

Некои, пак, го поврзуваат и со астрологијата, а иако повеќето нема ни да забележат дека денес е петок 13-ти, три хороскопски знаци сепак ќе имаат ден полн со предизвици.

Кои се тие?

Близнаци

По природа Близнаците се личности кои се снаодливи и кои лесно се адаптираат.

Но, овој петок 13-ти може да им донесе проблеми во комуникацијата, а со тоа и недоразбирања.

Можно е некои нивни зборови да бидат сфатени многу погрешно или, пак, важните разговори да го немаат исходот на којшто се надевале.

Ваквите ситуации може да им предизвикаат анксиозност, особено кога се во прашање односот со колегите и блиските пријатели.

Добрите вестите дека до крајот на денот сепак ќе најдете решение за проблемите што ќе се јават – треба само да останете смирени и да си дадете малку време за размислување.

tri-horoskopski-znaci-za-koi-ovoj-petok-13-ti-navistina-kje-bide-baksuzen-02.jpg

Девица

Девиците се личности кои сакаат структура и во секојдневието важно им е да имаат план што можат да го следат.

Кога нешто непредвидливо ќе им ги промени плановите, вистински се вознемируваат.

Овој петок 13-ти може да им го донесе токму ова – ненадејна промена на плановите, но и неочекувани обврски поради кои ќе бидат присилени да го променат целиот распоред.

Иако постои можност овие непредвидливи ситуации да не бидат нешто лошо, сепак ќе бидат доволно за да им го расипат денот на Девиците.

За полесно да го преживеете овој ден, пробајте да бидете трпеливи и само да се помирите со фактот дека не можете секогаш да имате контрола над сè околу вас.

Јарец

Слично како Девиците, и Јарците се луѓе кои сакаат да планираат однапред, а за нив е важно да имаат и долгорочен план.

Кога треба да направат и најмала промена во нивните планови, чувствуваат притисок и се чувствуваат како да губат контрола над ситуацијата.

Овој петок 13-ти ќе им го приреди тоа – ќе се соочат со непланирани обврски, а ќе се најдат и во ситуации каде што ќе треба брзо да одлучуваат, без многу размислување.

Иако ваквите моменти ви се стресни и секогаш ги презирате, пробајте да ги гледате како можност за раст и развој и полесно ќе се справите со предизвикот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во љубовта до крајот на јули 2025 Лав - ако сте сингл, вистинско време да го отворите срцето и да дозволите во нег...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg