Љубовен хороскоп за април 2026: Овни - Ако ве привлекува личност што е зафатена, не ја „отпишувајте“ веднаш

Вага
Ако сте во врска
Овој месец мора да бидете многу внимателни во комуникацијата со партнерот, зашто некои изговорени зборови ќе останат засекогаш врежани во неговата меморија.
Некои Ваги ќе се најдат во љубовен триаголник, а љубомората ќе игра главна улога за раскинување на врската.
Кон крајот на април најдете повеќе време за саканата личност и договарајте активности кои ќе ве вклучуваат само вас.
Ако сте сингл
На почетокот на месецот некои Ваги ќе почнат романса со личност од странство или ќе ги заинтригира познанство почнато во уметнички кругови.
Некои, пак, може да почнат да се гледаат со лекар или спортист, но тоа да е без никаква обврска.
Доколку не размислувате за сериозна врска, нема да ви штети барем да флертувате со некого.
Скорпија
Ако сте во врска
Некои Скорпии нема да може да се ослободат од минатото и тоа може да им создаде проблеми во сегашната врска.
Ако сте на почетокот, „отворете ги картите“ пред партнерот и немојте да криете работи од него.
Скорпиите во брак ќе се најдат пред предизвик поврзан со пари и заедничкиот буџет.
Ако сте сингл
Овој месец ќе бидете многу дружељубиви, ќе сакате да излегувате, да се забавувате, а на некоја од тие дружби може да се случи и интересно познанство.
Кон средината на април бидете поотворени за нова љубов, може да се случи на место каде што најмалку очекувате.
Некои, пак, ќе попуштат под упорноста на некој што одамна пробува да ги заведе.
Стрелец
Ако сте во врска
Овој месец може да биде многу непредвидлив на љубовно поле, особено ако сте во долга врска.
Некои Стрелци може да раскинат, други да почнат да живеат заедно со саканата личност.
Во втората половина на април ќе надминете и некоја пречка со партнерот, за нешто што ве мачи и двајцата одамна.
Ако сте сингл
Многумина ќе ви делат комплименти, но вие ќе ги игнорирате, зашто тој што ве привлекува не „паѓа“ на вашиот шарм.
Не пробувајте да бидете со некој/а по секоја цена, понекогаш е подобро да заборавите на работите отколку да одите со главата низ ѕид.
Бидејќи на љубовно поле нема да ви оди како што планирате, оставете ја желбата за љубовни освојувања за од мај.
Јарец
Ако сте во врска
Вашето расположение ќе варира, па тоа ќе влијае директно и на саканата личност и неговиот/нејзиниот однос кон вас.
Не се обидувајте да ги решите љубовните проблеми преку љубомора.
Пред крајот на април работите ќе се стабилизираат, а вие и партнерот, заедно, ќе си ги увидите грешките.
Ако сте сингл
Ова ќе биде возбудлив месец на љубовни поле, зашто ќе тргнете директно во освојување, без да размислувате дали ќе успеете или ќе ве одбијат.
Ако ве привлекува личност во знакот на Овен или Скорпија, тогаш ќе имате поголема шанса да почнете нова љубовна приказна.
Пред крајот на април може да почнете да се „ладите“ и да кренете раце од сè.
Водолија
Ако сте во врска
Вашите љубовни желби може да бидат двосмислени и нејасни и со тоа да го збуните партнерот.
Расчистете со минатото, ако сакате да имате убава и стабилна врска со личноста со која се гледате во моментов.
Вашата желба за флерт може да ве поттикне да почнете да се гледате со личност надвор од врската.
Ако сте сингл
Веќе некое време флертувате со личност што ви се допаѓа, па сега е време да решите дали сакате да почнете врска или да ја прекинете комуникацијата.
Ќе ви недостига романтика и некој да ве прегрне нежно, но тоа чувство нема да трае долго.
Некои, пак, ќе почнат афера со зафатена личност и ќе се трудат да ја скријат врската и од најблиските, поради страв од осуда.
Риби
Ако сте во врска
Рибите кои се во врска со Лав или Девица ќе мора да бидат повнимателни како комуницираат со партнерот, зашто тој/таа нема да гледа благонаклоно на вашето однесување.
Некои Риби од обичен разговор ќе дознаат колку ѝ/му се потребни на партнерот и колку саканата личност ги цени.
Пред крајот на април состојбата на љубовно поле ќе се стабилизира, а вие ќе можете да здивнете.
Ако сте сингл
Вашата харизма ќе биде силно изразена и вие ќе привлекувате луѓе каде и да се појавите.
На некој јавен собир, концерт или натпревар, можно е да сретнете личност што не сте ја виделе одамна, а ќе ви врати сеќавања за минатото.
Некои Риби дури и ќе решат да ѝ дадат втора шанса на истата стара љубов.
А. Ј. | Црнобело
