Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата

Вага
„Вашиот глас е важен, престанете да се замолчувате за да им удоволите на другите“
Хармонијата е едно од најважните нешта во вашиот живот.
Но, додека пробувате да го зачувате мирот, со текот на времето сте почнале да се замолчувате себеси, да ги потиснувате вашите потреби за другите да се чувствуваат удобно.
Вашата помлада верзија ве потсетува дека вашиот глас никогаш не требало да биде скриен.
Ако истапите за себе не создавате конфликт, туку сте искрени.
Скорпија
„Ако сте ранливи не значи дека сте слаби – ранливоста е сила“
Чувствувате потреба да се заштитите од сè околу вас до тој степен, што ги криете емоциите дури и од најблиските.
Држите сè под контрола и не дозволувате некој да види премногу од вас.
Но, вашата помлада верзија не се плашела да биде ранлива бидејќи во ранливоста има сила.
Ако почнете да им се доверувате на другите, нема да биде слаби, туку ќе ја зајакнете конекцијата.
Стрелец
„Бегањето не е слобода. Некогаш храбриот избор е да останете“
Вие имате желба за слобода, за авантура и раст. Секогаш гледате напред и секогаш сте во движење.
Но, некогаш ова постојано движење е всушност бегство.
Вашата помлада верзија може да ве потсети дека вистинската слобода не е секогаш во движењето.
Некогаш, за да ја почувствувате слободата, треба да се соочите со работи кои се непријатни.
Јарец
„Вашата вредност не зависи од вашата продуктивност, можете да си дозволите и да одморите“
Во зодијакот нема повредна и поамбициозна личност од вас. Градите, достигнувате и постојано се притискате да успеете.
Но, некаде по пат, сте почнале да ја поврзувате вашата вредност со вашата продуктивност.
Вашата помлада верзија знае дека луѓето ве ценеле и сакале и пред да станете успешни.
Ако одмарате не сте мрзливи, туку правите нешто што е неопходно.
Водолија
„Тоа што сте различни е вашиот дар. Припаѓате овде такви какви што сте“
Отсекогаш сте го гледале светот малку поразлично.
Размислувате надвор од кутијата, ги предизвикувате нормите и ја цените вашата индивидуалност.
Но, со текот на времето, сето ова можеби ве натерало да се чувствувате како аутсајдер.
Вашата помлада верзија е овде да ве потсети дека вашата уникатност не е нешто во коешто треба да се сомневате, туку е нешто што треба да го славите.
Не треба да бидете исти како другите з да припаѓате.
Риби
„Не сте одговорни за болката на сите луѓе“
Вашата емпатија е бескрајна и вие се чувствувате поврзани со другите на посебен начин.
Но, некогаш преземате повеќе отколку што можете да поднесете.
Вашата помлада верзија ве потсетува дека не мора да го носите товарот на целиот свет.
Не секој проблем е ваш за решавање и можете да се грижите за другите без да го изгубите своето јас.
Спирова С. | Црнобело
