Една работа што никако не смеете да ја игнорирате периодов, според хороскопскиот знак
Избегнувате некој важен разговор. Го анализирате и ги барате вистинските зборови, но веќе не размислувате јасно. Престанете да го игнорирате и делувајте.

Кога не сакаме да се соочиме со нешто што ни предизвикува чувства на страв, загриженост и слични „негативни“ емоции, настојуваме да го игнорираме.
Мислиме дека ако се држиме настрана, тоа нешто само ќе исчезне.
Но, животот не функционира на овој начин и кога-тогаш ќе мораме да се соочиме со она што нè плаши.
Па, која работа треба да престанете да ја игнорирате периодов, според астрологијата?
Овен
Престанете да го одложувате она што знаете дека мора да го направите.
Мора да си признаете дека веќе некој период одложувате нешто важно и си велите дека го чекате вистинскиот момент.
Но, редно е да престанете со чекање и да верувате во себе. Колку повеќе чекате, толку повеќе си ја влошувате ситуацијата.
Бик
Комфорот веќе не ви е доволен и копнеете за нешто ново и вистинско. Она што досега ви давало стабилност, сега ви изгледа како да ве ограничува.
Ви станува јасно дека не треба да го жртвувате вашиот раст само за да се чувствувате безбедно.
Нема да го изгубите комфорот во животот, туку кога ќе ја направите потребната промена, ќе го редефинирате.
Близнаци
Избегнувате некој важен разговор, а сега самото избегнување е дури и потешко од разговорот.
Го анализирате веќе некој период и ги барате вистинските зборови, но бидејќи ова е нешто што ве преокупира, не размислувате јасно.
По некое време и тишината ќе почне да има свое значење. Па, престанете да бегате од важниот разговор.
Рак
Ви станува јасно кои луѓе ве ценат, а кои не. Чувствувате промена во нивната енергија и веќе не можете да го игнорирате ова.
Свесни сте кои луѓе вистински се грижат за вас, а кои само ја користат вашата добрина.
Немојте да го игнорирате ова чувство и верувајте му.
Лав
Личност која ви е драга веќе ги нема истите чувства кон вас.
Станувате свесни за ова и се чувствувате непријатно. Сте вложиле многу во овој однос, па тешко ви е да си признаете дека сепак дошол крајот.
Не го гледајте ова како пораз и не бегајте од фактот дека некои работи сепак не траат вечно.
Девица
Претераното размислување нема да ви помогне бидејќи веќе го имате одговорот што ви треба, само престанете да го игнорирате.
Ситуација ви е анализирана безброј пати и длабоко во себе знаете кој е одговорот на прашањето што ве мачи.
Прифатете ја вистината бидејќи ова нема да се смени.