Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање

Јули: Исцелување
Вие зрачите со позитивна енергија и луѓето чувствуваат дека можете да ги исцелувате само со вашето присуство.
Грижливи сте и сочувствителни, па поради ова како магнет ги привлекувате луѓето кои страдаат.
И, знаете што точно им треба да се почувствуваат подобро.
Иако не сте многу отворена личност, оние кои ви се најблиски се навистина среќни што ве имаат во нивниот живот.
Август: Привлечност
Харизматични и самоуверени – ова се зборови што ве опишуваат мошне добро.
Каде и да се појавите, во истиот миг сите очи се вперени во вас.
Вашето тајно оружје е привлечноста. Многу лесно ги привлекувате другите луѓе, како магнет, и секогаш можете да се ставите во положба на лидер.
Но, ова не ве прави арогантни. Напротив, многу добро се грижите за вашите блиски, па ги користите лидерските способности за да ги насочите на вистинскиот пат.
Септември: Трудољубивост
Тешко е да се најде личност која е повредена и поамбициозна од вас.
Внимателни сте и издржливи, па не престанувате сè додека не завршите нешто до совршеност.
Не секој ја има волјата и способноста да издржи до самиот крај како и вие, ниту, пак, некој троши време да обрнува внимание и на најмалите детали.
И, ова е вашето тајно оружје што ќе ве однесе далеку во животот.
Октомври: Дипломатија
Вие сте личност која многу добро знае како да го зачува мирот.
Иако не ви пречи кога има малку драма, не сакате кога некој ви е лут или кога има караници.
Вие имате моќ да и видите двете страни во секој конфликт и да ги споделите на смирен и разумен начин.
Ако на некој му треба помош да реши недоразбирање, вие сте личноста на којашто може да се потпре.
Ноември: Контрола
Вие можете да ги контролирате другите, а тие не се свесни за тоа, па ова е вашето најмоќно оружје.
Многу добро можете да ги прочитате другите, а поради ова лесно можете да го извлечете она што ви треба од нив.
Притоа, можете да ги убедите дека сето ова било нивна идеја. Но, истовремено, вие сте грижлива личност и не ја злоупотребувате оваа ваша моќ.
Декември: Среќа
Вие сте личност која постојано ја следи среќа и токму ова е вашето тајно оружје.
Мошне лесно можете да си ги остварите плановите бидејќи коцките секогаш сами се наместуваат. Оптимизмот што го почувствувате постојано ви е дополнителен поттик, па дури и кога ќе се соочите со пречка, не дозволувате да ве спречи.
Ја гледате светлата страна сè додека среќата не ви се насмевне повторно.
Спирова С. | Црнобело
