Како сами си ја саботирате среќата, според месецот во кој сте родени?

Родените во март се толку длабоко навлезени во својот духовен свет, што стануваат несвесни за физичкиот свет околу себе. Понекогаш тоа значи да се удираат во ѕидови затоа што не внимаваат каде одат, а понекогаш значи да ја пропуштат љубовта на својот живот, затоа што се премногу фокусирани на измислен лик.

kako-sami-si-ja-sabotirate-srekjata-spored-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-01.jpg

Среќата не е само во она што сакате да го добиете, туку и во многу мали попатни работи, навики, однесувања и генерално задоволство.

Но, понекогаш некои луѓе потсвесно си ја саботираат среќата, кога постојано си создаваа стрес околу непотребни ситуации и не наоѓаат задоволство во моменталните мали доживувања.

Во ова игра улога и астрологијата, па според тоа во кој месец сте родени, може да видите која карактеристика не ви дозволува целосно да бидете среќни.

Како се саботирате вие?

Април

Родените во април секогаш се борат за нешто, дури и кога не станува збор за натпревар. Тоа им пречи на луѓето и прави да изгледаат сурово или злобно кога не можат искрено да му честитаат некому за неговиот успех. Тие мислат дека сè е трка, иако секој има свој животен пат.

Мај

Родените во мај секогаш ќе се одлучат за најскапата опција, дури и кога таа е лош избор. Не ги познаваат задоволствата на одлично евтино вино, ниту удобноста на маица што е перена одново и одново 20 години. Купуваат сè што е во мода без разлика колку е непрактично, а грешката во своите постапки ја согледуваат дури подоцна.

Јуни

Родените во јуни велат „да“ на сè, дури и на работи што би требало да бидат категорично „не“, па така ја трошат целата своја енергија и стануваат несреќни и исцрпени за работите во кои навистина сакале да уживаат. Едноставно не умеат да се стават себеси на прво место во ниту една ситуација и чувствуваат потреба да им угодат дури и на луѓе што воопшто не ги сакаат.

Јули

Родените во јули се толку смирени и прибрани што заборавиле како да ги вклучуваат и исклучуваат своите емоции. Нивните прослави стануваат пригушени, а тагата излегува толку бавно што закрепнувањето им се одложува. Ништо не се доживува искрено во моментот, па со текот на времето веќе не им е јасно што навистина чувствуваат за било што.

Август

Родените во август се обидуваат да бидат пријатели со сите, па затоа никој навистина не знае на што е со овие луѓе. Никој не може да ја понесе титулата „најдобар пријател“, а сите се прашуваат колку се искрени пријателските манири на луѓето родени во август. Ништо не делува вистински или автентично, а никој нема целосна доверба во некој што истовремено игра на сите страни.

Септември

Оние кои се родени во септември се трудат да бидат во право дури и кога знаат дека грешат, па на крајот жртвуваат нешто што не вреди ни половина од односот што го уништуваат поради сопствената тврдоглавост. Биле сведоци на премногу луѓе кои си заминуваат од нивниот живот по расправија во која всушност сакале само да кажат: „Извини“.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
5 месеци во кои се родени луѓето што имаат сосема поинаков карактер зад затворени врати Не се неискрени, туку едноставно не им веруваат лесно на другите. Отвораат срце ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...

Најчитани неделава