Како сами си ја саботирате среќата, според месецот во кој сте родени?

Октомври
Родените во октомври се обидуваат да го добијат најдоброто од сите страни, дури и кога знаат дека тоа може да заврши само со катастрофа. Ги туркаат границите што се премногу кревки за да се свиткаат и на крајот создаваат уште поголем хаос од оној со кој започнало сè. Понекогаш најдоброто од двата света од кои сакаат да бидат дел, воопшто не е најдоброто решение.
Ноември
Оној кој е роден во ноември претпоставува дека сите се против него, па затоа одбива помош и пофалби од луѓе што имаат најдобри намери. Кога би знаел подобро да процени нечиј карактер, не би ги уништувал своите шанси за нешто навистина добро поради постојаниот страв и сомнеж.
Декември
Родените во декември не знаат што сакаат и постојано преминуваат од едно хоби на друго. Од еден партнер на друг. Од една работа на друга. И никогаш не даваат вистинска шанса на нешто да потрае. Тотално им е непознато чувството како е да се истрае низ тежок период и да се излезат од него непоразени.
Јануари
Родените во јануари премногу му веруваат на системот, дури и кога е очигледно дека работи против нив. Им недостига критичкото размислување потребно за навреме да препознаат измама, шема или заговор. Така продолжуваат понатаму, почитувајќи ги правилата и следејќи ги наредбите, несвесно придонесувајќи за сопственото страдање.
Февруари
Родените во февруари би ви ја дале и својата облека и последниот денар од својот џеб, а потоа би си дозволиле да бидат исфрлени од ресторан без начин да ја платат сметката. Толку се фокусирани на тоа постојано да даваат што ги занемаруваат сопствените обврски и секојдневни задолженија. Забораваат да ги одржуваат основните работи во животот – буквално.
Март
Родените во март се толку длабоко навлезени во својот духовен и емоционален свет, што стануваат несвесни за физичкиот свет околу себе. Понекогаш тоа значи буквално да се удираат во ѕидови затоа што не внимаваат каде одат, а понекогаш значи да ја пропуштат љубовта на својот живот, затоа што се премногу фокусирани на измислен лик.
М. М. | Црнобело