Љубовен кинески хороскоп

Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002)
По природа сте непоправлив романтик, а врските во кои што стапувате се многу бурни.  Тешко ви е да одберете само еден партнер, но би морале да одлучите и да ги преземете вашите обврски. Вашиот кинески хороскоп укажува дека ви е потребен некој кој ќе се грижи за вас, но воедно и кој ви дава слободата која ви е потребна. Иако можеби на другите им делувате несериозно, во длабочина на душата вие сте еден од оние кои што сакаат да пронајдат вистинска личност со која што ќе ги поминат најубавите моменти.

Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003)
Вам од се најважно ви е чувството на сигурност. По природа сте многу емотивни, лесно се расплакувате, но ви недостасува самодоверба за да ги изразите своите емоции. Вашиот кинески хороскоп зборува дека често делувате отсутно и дека тешко создавате нови познанства. Истовремено сте нежни, романтични, креативни, но вашата неодлучност е нешто што би можело да му пречи на вашиот партнер. Меѓутоа, тој тоа ќе ви прости ако е вистинскиот, бидејќи ќе знае дека во душата вие сте прекрасна личност.

Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)
Ве привлекуваат возбудувања и со сигурност може да се рече дека имате многу бурен љубовен живот. Другите ги привлекувате со вашиот хумор, отвореност и необичните интереси. Меѓутоа, вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека не барате авантури кога еднаш ќе ја најдете вистинската личност за себе. Кога вашиот партнер ќе направи и најмала грешка, вие ќе се најдете навредени, но на партнерот кој навистина ви одговара нема да му биде тешко да ве смири. Кога вашата врска ќе стане постојана, ќе станете доверлив и прилагодлив партнер, секогаш подготвен да помогне.

Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005)
Вие уживате во додворувањето, шармантното друштво и добрата атмосфера. Се гордеете со својот изглед и настап, а кога ситуацијата тоа го бара од вас, умеете да го импресионирате соговорникот со своите ставови. Она што може да ве одбие од потенцијалниот партнер е можноста однапред да го предвидите неговиот нареден чекор. Вашиот кинески хороскоп зборува за вашата независност која секогаш ве тера да одите напред, но и во вас постои доза на љубомора која се обидувате да ја сокриете. Кога ќе ја најдете вистинската личност, заборавате на талкањата – вие сте верен партнер и во состојба сте потполно да и се посветите на саканата личност.

Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)
Многу сте повлечени кога станува збор за вашите чувства и потребно ви е охрабрување. Уживате во друштвото на некој кој е верен и поседува авантуристички дух кој вам ви недостасува. Меѓутоа умеете да го слушате партнерот и да го поттикнете со вас да ги подели проблемите. Вашиот кинески хороскоп укажува дека сте верни, нежни и дека ви е важно вашата доверба да биде возвратена. Ако некој ве повреди или издаде, потребно е многу време таа доверба да се поврати. За вас е идеално најпрвин да создадете пријателство од кое подоцна ќе градите врска.

Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
И кога ќе пронајдете партнер имате потреба да го тестирате за да се уверите дека тој е вистинскиот избор. Довербата која што ја внесувате во врската би можела да ви се удри од глава, бидејќи има и такви кои може да ја злоупотребат, но вие сте подготвени бргу да почнете од почеток. Вашиот кинески хороскоп покажува дека умеете да бидете многу затворени, но пред се, вие сте толерантни и му давате на партнерот иста слобода каква што и самите барате. Кога врската ќе се зацврсти, љубовта која што ја давате ви се возвраќа.



Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg