Каде да ја пронајдете љубовта следејќи го хороскопот?

За некој клубовите се идеални места, за други рестораните, а некои имаат среќа да запознаат идеален партнер на приватните забави. За полесно да пронајдете партнер следете ги тајните знаци кои ви ги открива хороскопот.

kade-da-ja-pronajdete-ljubovta-sledejki-go-horoskopot-01

Овен

Овенот најчесто може да запознае некој посебен на уметничките курсеви или пак во групи за танцување. Во секој случај, при пронаоѓањето на совршен партнер добро ќе ви дојде и дозата на културна рекреација. Ако повеќе сте спортски тип, обидете се со трчање во паркот или пак зачленете се во теретана.

Идеално место: Концертни сали, музеи и театри.


Бик

Биковите најлесно би запознале некој доколку отворено ги покажат своите атрибути. Ако сакаат да уловат некој уште вечерта, верувајте дека ќе смислат нешто од типот на “Ќе приготвам вечера, ако ти ветиш дека ќе направиш појадок.” Едноставно, а делотворно.

Идеално место: Продавница.


Близнаци

Тие немаат проблем со пронаоѓање на пријатели, но кога се работи за партнер тоа е веќе потполно различна приказна. За полесно да го најдете идеалниот партнер, почесто шетајте. Кога се дистанцирате од познатиот круг на луѓе, полесно ќе стапите во контакт со нови личности.

Идеално место: Парк, шеталиште, шума.


Рак

Ако времето секогаш го поминувате дома, мала е шансата да го запознаете совршениот партнер, но затоа може да ја искористите шансата да подготвите вечера и да поканите многу пријатели со нови, непознати лица.

Идеално место: Вечера во домашен амбиент, супер маркет.


Лав

Добар начин да станете попривлечни и подостапни се волонтерските организации. Ќе изгледате помалку недостижно доколку работите со многу луѓе во добротворни цели. Лавовите често делуваат како да се над сите, па неопходно е да се појават во секојдневните активности

Идеално место: Било каква организација, клуб на читатели.


Девица

Под совршено испланираната и пресметливата личност се крие вистински романтичар. Не се плашете да ја покажете и таа страна. Духовно насочените семинари и групи навистина може да ви ја олеснат работата, а и може да бидат одлична шанса за лов на совршениот партнер.

Идеално место: Изложба на фотографии, сала за танцување.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава