Откријте какви сте во кујната според хороскопот

Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот хороскопски знак за однапред да откријте што ќе ве очекува во чинијата.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-01

Секој хороскопски знак има посебна специјалност и омилена храна за готвење или јадење. Откријте кои се навиките, желбите и начините на подготовка храна за секој хороскопски знак што ве интересира.

Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот хороскопски знак за однапред да откриете што ќе ве очекува во чинијата.

Овен
Овните се љубители на зачинетата храна и кога готват и кога јадат. Овните кога готват одбираат рецепти во кои може да експериментираат со многу зачини и да понудат нешто ново на своите гости. Храната во која ужива Овенот е зачинета, лута, но и необична мешавина од вкусови. Лута пиперка, чили сос, месо на повеќе начини, како и полуготови јадења се она што му се допаѓа на овој знак.

Бик
Биковите сакаат слатко, чоколадо, торта со многу шлаг. Припадниците на овој знак имаат среќа бидејќи на нив не се забележува дека можат да изедат премногу слатки. Биковите сакаат да пробуваат и во тоа уживаат. Не може да се каже дека се гурмани, туку повеќе се хедонисти. Важно е да не претеруваат.

Близнаци
Повеќе сакаат солени работи. Ако им се пријадат слатки, попрво ќе купат нешто од трафика, нешто мало, слатко, чоколадно. Поважно им е нешто да се напијат отколку да изедат. Не претеруваат со храната. Нив им е важно храната да се подготви брзо, исто брзо да се изеде и да биде лесна. Нивни најчест избор се супа, помфрит и бело месо.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-4

Рак
Раковите главно сакаат традиционална храна по стари рецепти која ги потсетува на нивната мајка. Најважно им е ручекот да биде во кругот на семејството и убаво да се најадат. Супа, сарма и морски плодови се она во што најмногу уживаат. Ракот подготвува и најмногу сака домашна храна.

Лав
Лавот сака храна и ужива во неа во секоја прилика. Ако сакате да одите на гости кај Лавот, очекувајте пообилен оброк. Месо во која било варијанта и сите врсти торти се изборот на кралскиот знак. Не сакаат да штедат на храна, но важно е да не претеруваат во луксузирањето.

Девица
Девицата се придржува до здравата исхрана и одбира помали оброци. Припадниците на овој знак запознаени се со калориите, квалитетот и масната храна до детали. Истото важи и за подготовката. Ретко кога подготвуваат голема количина храна. Житарки, здрава и макробиотската храна се како создадени за Девиците.

Останатите 6 знаци пронајдете ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
Три хороскопски знаци што ќе доживеат пресврт во април 2026 - конечно ќе уживаат во љубов и ќе имаат... Од 1 април 2026 година, три знаци од Зодијакот ќе влезат во период во кој конечн...

Најчитани неделава