Годишен хороскоп за 2014 година – Риби

Годишниот хороскоп за 2014 година покажува голем успех кога се во прашање сите полиња освен меѓучовечките односи. Кариерата, парите и желбата да учите и да ги развивате своите способности ќе ја обележи првата половина од годината.

godisen-horoskop-za-2014-godina-ribi-01

Во другата половина на 2014 - та ќе биде потребно да вложите поголеми напори и труд за да ги држите работите под контрола. Но, тоа е во ред. Рибите никогаш не се плашат од работа. Кога станува збор за меѓучовечките односи, Рибите во 2014 година ќе имаат малку повеќе предизвици.

Многу прашања ќе бараат да одвоите повеќе време за да ги разберете и да ги решите. Добрата вест е тоа што умеете да сфатите дека пречките и тешкотиите се предизвици кои ќе ве направат посилни и подобри. Чувствителни, но борбени, личностите родени во знакот на Риби ќе дочекаат мир во 2014 година.

Работа и финансии

Вашата напорна работа конечно ќе се исплати, според она што го покажува годишниот хороскоп за Риби во 2014 година. Во почетниот период од годината, најверојатно ќе добиете парична мотивација.

Ако не сте започнале некој нов проект, не е важно. Среќата постојано ќе ве следи во финансиска смисла, па затоа не треба да се оптоварувате. Сè си доаѓа на свое место и во моментите кога мислите дека сè е изгубено, нема да бидете свесни какви можности ве опкружуваат.

Сепак, најдобар дел од годината за работа е првиот квартал, додека во подоцниот период вашиот успех ќе биде спречен од некои проблеми. Бидете подготвени вредно да работите, бидејќи првиот период на лесен успех без голем напор, брзо ќе помине.

godisen-horoskop-za-2014-godina-ribi-1

Љубов, Семејство, Пријатели

Што се однесува до семејството и пријателите, сè е во ред. Ќе имате удобност и блискост, но мора и вие да вложите повеќе труд во пријателството и односите со луѓето.

Во јули, вашата врска ќе наиде на проблеми. Тоа ќе биде добар момент за размислување на вашиот однос. Дали во таа врска се чувствувате добро? Ако одговорот е не, тогаш мора да го согледате она што го давате и она што го добивате за возврат. Проблемите лежат во еден од вас.

Одвојте време за да дознаете од каде потекнуваат проблемите и обидете се да ги решите. Иако ќе има простор за недоразбирања и во септември и во октомври, важно е постојано да вложувате љубов, нежност и доверба во вашата врска. Ако работите тргнат наопаку ќе сфатите дали може да сметате на личноста со која сте во врска.

Здравје

Лесно е да се чувствувате добро кога во животот ви оди сè како што треба. По напорната работа која сте ја одработиле, заслужувате признание. Но, не дозволувајте да се препуштите само на задоволствата.

Мора постојано да водите сметка за правилниот начин на живот за да не го загрозите своето здравје. Наспроти успехот кој ќе го доживеете на почетокот на годината, бидете умеени во сè. Тоа ќе биде клучна реченица, доколку сакате да бидете здрави во 2014 година.

Позната личност во знакот на Риби: Адам Левин

godisen-horoskop-za-2014-godina-ribi-2

Би можело да ве интересира:

Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg