Кој хороскопски знак најдобро чува тајни?

Вага

Тие се прекрасни пријатели, но доколку ги изневерите, бидете претпазливи! Зад нивниот шарм се крие доза на лицемерие, имајте го тоа на ум. Тие сакаат да ги издаваат тајните кои ги имаат другите, но на крајот ќе ве убедуваат дека тоа е со добра намера и однапред замислена цел.

Скорпија

Тајна која чекори е второто име на Скорпиите. Тие најдобро ги разбираат тајните затоа што и самите ги имаат во огромни количини. А, кога нешто јавно ќе се издаде или дознае, свесни се дека ја губи вредноста. Затоа, слободно доверувајте им ги тајните или плановите кои ги имате, тие безрезервно ќе ви го чуваат грбот!

Стрелец

Да не се родени зборлести, Стрелците би биле сјајни пријатели. Посебно ако тајните им се откријат покрај чашка алкохол, на приказната нема да и се гледа крајот. Често пати се претрупани со информации, па не се свесни каде треба да молчат, а каде да зборуваат. Постои голема шанса од невнимание да ја издадат вашата најтемна страна која не сакате никој да ја дознае.

Јарец

Можеби ќе звучи грубо, но Јарците не сакаат да им се доверуваат, па затоа ја користат секоја шанса да го откријат она што го знаат. Покрај тоа, сакаат кога имаат корист од чувањето на тајни, затоа што во замена за нивната дискреција ќе треба да понудите многу.

Водолија

Ако сакате Водолијата да ви ја сочува тајната, ќе мора да и откриете нешто сензационално и крајно ексцентрично. Во спротивно, тоа за неа ќе биде сосема обична, глупава информација која може да ја издаде во било кој момент, случајно.

Риби

Со Рибите тајната ви е сигурна. Постои голема шанса дури и да го заборават она што сте им го кажале, но ако ја запаметат, ќе ја чуваат до крај. Тие се таинствени личности кои разбираат што значи да имаш нешто скриено од другите. Но, никогаш не им доверувајте нешто што се коси со нивните емоции. Последиците може да бидат фатални, без намера.



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Која е тајната страст на секој хороскопски знак (за да му е убаво на душата)? Овните сакаат авантура, па обожаваат места на кои можат да влезат бесплатно, да ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
5 хороскопски знаци кои никогаш не даваат втора шанса Гордоста е она што не им дозволува на Лавовите да простат и да дадат втора шанса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg