Дознајте го нејзиниот хороскопски знак и откријте го тајното оружје со кое заведува

Како заведуваат жените Овнови, Бикови и Скорпии, што превземаат припадниците на водените знаци, а која е тајната на шармантните Близнаци? Откријте кое е вашето тајно оружје и како најдобро да го употребите.

doznajte-go-nejziniot-horoskopski-znak-i-otkrijte-go-tajnoto-oruzje-so-koe-zaveduva-01

Овен

Жената Овен е жешка освојувачка која сака да биде во центарот на вниманието и тоа го постигнува со неверојатно сексапилна облека. Сака да се стегне, а тоа го прави само за да ја истакне силата на својата личност. Припадничките на овој знак имаат интересен, изразен лик, непредвидливи се во комуникацијата и страствени.

Бик

Жените Бикови го менуваат својот пристап од невина девојка до фатална жена. Обично имаат бујни гради, нешто пошироки колкови од вообичаено и силен карактер. Еротични се и сакаат нежни допири додека флертуваат.

Близнаци

Близнаците се вечни деца со сто лица. Припадничките на овој знак се изразено шармантни, брзо мислат и комуникативни се. Омилени се во друштвото и сакаат да се трансформираат преку ноќ. Нивниот пристап се менува звисно од целта, односно од типот на маж.

Рак

Жените Ракови се нежни и чувствителни. Обично имаат раскошни облини, го сакаат семејството и мажите ги сметаат за најпосакуваните партнерки. Неверојатно женствени се и сакаат кога го привлекуваат вниманието на кавалери.

Лав

Лавиците се доминантни, снаодливи и исто како и останатите огнени наци, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Авторитарни се, па неретко сакаат своите маани да ги преточат во предности.

Девица

Девиците располагаат со умерена сексуалност. Во секојдневниот живот се педантни и организирани, а такви се и во играта на заведување. Обично играат на картата на добри девојки, а ќе ги препознаете по романтичниот стил на облекување.

Вага

Вагата има одлични заводнички методи и внимава на изгледот. Знае добро и примерно да се облече во секоја ситуација, затоа што обожава кога заведува со својот стајлинг. Секогаш перфектна, Вагата е жена на која не можете да и одолеете.

Скорпија

Тие се опасни заводнички. Имаат необјаснив шарм и сензуален глас. Соборуваат со нога, но знаат да бидат и посесивни. Кога заведуваат, играат топло-ладно, па буквално знаат да им го поматат разумот на своите партнери.

Стрелец

Жените Стрелци се недостижни. Обично имаат спортски стил и ги красат долги нозе. Немаат претерано изразени облини, што многу итро знаат да го претворат во своја предност. Доколку имаат било какви недостатоци, ќе се потрудат да ги надополнат со својата насмевка.

Јарец

Жената Јарец освојува со рамнодушноста. Тие делуваат како моќни и недостижни жени, па обично напаѓаат послаби партнери. Имаат долги нозе, витки се и знаат да ја истакнат својата фигура во одлично одбрана облека.

Водолија

Водолиите делуваат понекогаш заинтересирано, но припадничките на овој знак дефинитивно знаат да ве насмевнат. Модерни се, храбри и неоптеретени. Го обожаваат неспоивото, па сакаат да заведуваат на ексцентричен и необичен начин. Во главно, ќе ве заведат со природниот и спонтан изглед.

Риби

Рибите се нежни и чувствителни. Но, тоа е само трик за златните рипки несвесно да им се заплеткаат во мрежата. Тие се грациозни, имаат добро обликувано тело и таинствен поглед. Често пати ранливоста ја користат како карта за лов.

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg