Што сте во индиски хороскоп?

sto-ste-vo-indiski-horoskop-2

Вага - Тула

Вагите обожаваат кога ја имаат улогата на Купидон. Уживаат во склопување на сојузи и договори, љубовни, брачни, буквално секакви. Не се склони кон компромиси и имаат една голема маана - љубомора.

Подзнак Вага

Овие личности сакаат хармонија во секоја област од животот. Имаат вкус и талент за уметност, архитектура, ентериер... Во домот на родителите научиле да живеат по строги правила, па така и ќе продолжат. Успешни се во работите каде треба да се грижат за други личности.


Скорпија - Вришчика

Скорпиите ги сакаат неочекуваните промени. Имаат голем талент во разоткривањето на тајни. Самоуверени, интуитивни и активни, склони кон манипулација заради постигнување на целта. Лесно ги контролираат и влијаат на туѓите мислења.

Позднак Скорпија

И за нив целта го оправдува средството. Во младоста сакале да прават тајни и забранети нешта, но сепак се родени во семејство на интелектуалци. Можно е да наследат големо богатство и со него да постигнат огромен успех. Имаат привлечни брачни партнери, страствени се и посесивни.


Стрелец - Дануш

Стрелците веруваат во хуманистичка филозофија, вечни учители се и имаат посебен поглед кон светот кој ги опкружува. Бара нешто во што може да верува и смета дека има способност да го реши секој проблем во животот.

Подзнак Стрелец

Прва и главна карактеристика е што веруваат во нешто посилно од нив. Потекнуваат од традиционални семејства, каде системот на вредности е добро сочуван. Влегуваат во брак на време и нивниот брачен партнер е со вечно млад дух и интелектуално жеден за знаење.


Јарец - Макара

Јарците се секогаш дисциплинирани, друштвено коректни и претерано вредни. Одлични организатори и не можат да отстапат од ниту едно правило и рутина. Материјалното е она што најмногу ги привлекува.

Подзнак Јарец

Патат од комплекс на пониска вредност и внимаваат да не направат нешто погрешно. Сакаат да управуваат, но се плашат. Бараат партнери кои ќе се грижат за нив како мајка.


Водолија - Кумбха

Типични егоцентрици, понекогаш дури и неморални личности. Немаат ограничувања, ниту индивидуални одговорности. Тие може да направат многу добро за другите, но малку за себе лично. Одлично се снаоѓаат во светот на технологијата.

Подзнак Водолија

Сакаат да знаат како работите функционираат, се интересираат за сите теми, може да бидат одлични научници. Чувствуваат дека се запоставени од семејството. Брачните партнери им се важни заради авторитетот.


Риби - Мина

Рибите веруваат во надреални појави и уверени се дека поседуваат некоја моќ. Избегнуваат гужви, сакаат мир и тишина и ги привлекуваат далечни места каде често  го пронаоѓаат сопствениот мир.

Подзнак Риби

Лесно губат интерес, па затоа постојано сакаат да истражуваат нови нешта за кои може да пишуваат. Имаат реалистични партнери кои им помагаат да се снајдат во реалниот живот. Најчесто Рибите успеваат во странство.



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg