Машки хороскоп: Што сакаат, очекуваат и бараат од жените?

Секој хороскопски знак има специфични особини кои го одделуваат од останатите во низата. А, со оглед на тоа дека хороскопскиот знак влијае посебно на машките желби и барања, не пропуштајте да откриете каква личност е вашиот партнер.

maski-hotoskop-sto-sakaat-ocekuvaat-i-baraat-od-zenite-01

Овен

Добро граден и секогаш опкружен со девојки, Овенот има силен инстинкт и желба да биде во центарот на вниманието. Кај жените ја обожава женственоста и разиграноста, но нема да премине преку нивната неинтелигенција. Посебно ги ценат жените кои знаат да комуницираат и не се плашат од контакт. Романтичен е и добар љубовник. Внимателен е, лесно доаѓа до пари, но заради екстраваганцијата брзо останува и без нив.

Бик

Мажите во овој знак се доследни на себе и тежнеат кон практичноста во секое животно поле. Внимателни се, но сакаат нивниот труд да се почитува. Тврдоглавоста и сомнителноста им се главни маани, а често пати знаат да покажат и љубомора која води до посесивност. Иако се тешки за освојување, во среќната врска ќе ги бранат сите интереси на својата партнерка, со голема сигурност. Знаат да се облечат и добро ги пресметуваат парите.

Близнаци

Интелигентни и комуникативни, овие мажи повеќе ги сакаат предбрачните врски. Шармантни се и посакувани од спротивниот пол, кој веднаш ги забележува позитивните вибрации и хуморот во нив. Сексапилни се и заводливи, но бргу се заситуваат и сакаат промени. Нивните жени мораат постојано да ги заведуваат, што често пати не е лесно. Отворени се за туѓо мислење, но често знаат да бидат неодлучни.

Рак

Во потполност се насочени кон семејниот живот. Мажите Ракови се емотивни и предадени. Имаат силна поврзаност со своите мајки, а долгите патувања знаат да ги направат носталгични. Често пати го менуваат расположението, а понекогаш се претерано внимателни со парите. Слична е ситуацијата и со одбирањето на девојка или жена, па на Ракот потребно му е повеќе време од вообичаеното. Иако е чувствителен, сепак бара убавина во она што го има.

maski-hotoskop-sto-sakaat-ocekuvaat-i-baraat-od-zenite-02

Лав

Харизматичен и жеден за внимание, Лавот има огромна самодоверба. Оптимист е и независен, лесно доаѓа до центарот на женското внимание и знае да остане во него. Одговорен е, но знае да се однесува ужасно лошо на моменти. Неизмерно е тврдоглав и тешко прифаќа пораз. Партнерката на Лавот мора да ја разбере неговата страст за успех и секогаш да биде подготвена за ласкање и охрабрување.

Девица

Практични и логични, мажите Девици често имаат кариера како научници или доктори. Секогаш приземни, се грижат за хигиената и го бараат истото кај својата идна партнерка. Не се претерано отворени за емоции, но не значи дека ги немаат. Имаат мал недостаток на самодоверба и од партнерката очекуваат неверојатна поврзаност.

Вага

Атлетски градени, со добри комуникациски вештини мажите Ваги се одличен избор за љубовен партнер. Имаат смисла за хумор, талентирани се и нивната енергичност никогаш не поминува незабележано. Една од нивните предности е храброста, но од друга страна знаат да бидат површни и опседнати сами со себе. Кај жените прво ја забележуваат физичката убавина, па според неа судат.

Скорпија

Без оглед на физичкиот изглед, мажите на овој знак лесно ги заведуваат жените. Имаат силна желба за контрола, а нивната таинствена природа никој не остава рамнодушен. Пари, возбудување и статус е она што ги мотивира, но и покрај тоа знаат да се придржуваат кон моралните вредности. Тоа ја вклучува и верноста кон партнерката која им се допаѓа.

Стрелец

Мажот Стрелец зрачи со оптимизам и постојано ја гледа светлата страна на работите. Има успешна кариера, но добро го балансира и љубовниот живот. Како вечно дете, не се грижи претерано за својот живот, а ниту ќе ја прекори партнерката која го запоставува. Речиси и да нема љубомора или посесивност во себе и најмногу од сè ја цени слободата и довербата. Но, тоа воедно му е маана. Знае да биде наивен и премногу да очекува од другите.

maski-hotoskop-sto-sakaat-ocekuvaat-i-baraat-od-zenite-03

Јарец

Мајстор е кога се работи за успешна кариера. Јарецот е интелигентен, успешен и упорен во своите планови. Вешт е во заработувањето пари и остварувањето на контакти. Иако е зачудувачки емотивен, тешко ги искажува своите чувства. Јарецот ги заобиколува жените кои ја делат неговата амбициозност, плашејќи дека ќе ја загрози неговата позиција. Зависници се од контрола, заради што внимаваат на изгледот и однесувањето.

Водолија

Припадниците на овој знак се стабилни и силни, постојано подготвени за сочувство, но затворени кога се работи за сопствените емоции. Машките Водолии се тешко разбирливи за спротивниот пол. Заради тоа, често пати завршуваат со постари, искусни жени кои ги разбира нивните визии и склоноста кон тишината. Доколку живеат во опкружување без притисок, знаат да ја возвратат љубовта.

Риби

Најсилната карактеристика на овие мажи е вродената интуитивност, па можете лесно да очекувате дека ќе ве разберат многу подобро од било кој друг знак. Чувствителни се и бараат личност која ќе се бори заедно со нив во животот. По малку се заљубени во себе и очекуваат жените да го направат првиот чекот. Привлечни се и верни, но внимавајте на нивната склоност кон лаги и лицемерие.

maski-hotoskop-sto-sakaat-ocekuvaat-i-baraat-od-zenite-04

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg