Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Препознајте го секој хороскопски знак по физичкиот изглед

Понекогаш, не ви се потребни многу прашања за да откриете во кој хороскопски знак е роден новиот познаник кој ви се допаѓа. Изанализирајте го неговиот изглед и сами заклучете.

prepoznajte-go-sekoj-horoskopski-znak-po-fizickiot-izgled-01

Овен

Овните се препознатливи по високото чело, нескротливата коса, агресивниот став и немирните движења.

Бик

Биковите најчесто се крупно градени. Имаат големи очи со спуштени капаци, полни усни, краток врат и широк граден кош.

Близнаци

Витки, со долги раце и нозе, немирни со гестикулациите и многу брзо зборуваат. Имаат правилни и остри црти на лицето.

Рак

Раковите се таинствени, не зборуваат многу, но привлекуваат погледи со атрактивниот изглед. Жените пак, имаат неодоливо бујни гради.

Лав

Лавовите ги краси нескротлива коса како гривата на лавовите. Имаат кралско држење и храбар пристап.

Девица

Девиците имаат бебешко лице, витка линија и поглед кој ве анализира од глава до петици. Исто така, ги краси дискретен хумор и постојана блага насмевка.

Вага

Вагите имаат секогаш правилни црти на лицето, често пати дупчиња на образите и широка насмевка. Жените имаат висок струк и нагласени колкови.

Скорпија

Скорпиите се препознатливи по својот поглед во кој можете да се изгубите, прекрасни очи и интензивни црти на ликот.

Стрелец

Стрелците имаат високо чело, прекрасен говор, лесно движење, младоликост и развиени раменици.

Јарец

Јарците имаат подолг нос, изразено лице, витка фигура, нагласени раменици и чист тен.

Водолија

Карактеристични за нив се спуштените очи, блескавата насмевка, меката кожа и темната коса. Познати се и по грациозниот став.

Риби

Рибите ги краси шармантна насмевка, привлечни крупни очи и пријатен глас.

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата голема љубов оваа зима Ако сè уште не сте ја пронашле љубовта на својот живот, постои голема шанса ова ...
Хипохондрици, посесивни: Мрачната страна на секој хороскопски знак Кои се најлошите карактеристики на секој знак од зодијакот? Некој има лош темпер...
Една особина според хороскопот со која го иритирате вашиот партнер Никој не е совршен и сите имаме по една, или многу поверојатно, неколку маани, с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg