Која е вашата животна тарот карта?

Број 1 - Магионичар

Ако вашата животна карта е број 1 тогаш вие сте многу љубопитна личност со немирен дух. Секогаш храбро го следите вашето срце и честопати умеете да запловите во светот на илузијата, но успешно се враќате назад во реалноста токму тогаш кога ви е најпотребно. Вие сте стабилна личност која води исполнет живот.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-2--


Број 2 - Големата свештеница

Ако вашата животна карта е големата свештеница, тогаш вие сте личност со голема животна енергија. Вие сте таинствени, креативни и вашата животна задача е да ја спознаете внатрешната вистина, односно енергијата на емоциите. Секогаш учите од своето искуство, а низ животот ве водат љубовта и мудроста.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-3


Број 3 - Кралица

Вие сте практична личност која одлично се снаоѓа во материјалниот свет. Ги цените семејните вредности и лесно доаѓате до богатство, а тоа е и всушност ваша животна задача. Луѓето во ваша околина ве обожаваат како соработник, но и ги ценат вашите совети.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-4


Број 4 - Крал

Ако ова е вашата животна карта, тогаш вие владеете со своите чувства. Вие сте дисциплинирана и сериозна личност и имате силно чувство за одговорност и самоконтрола. Вашата животна задача е да ја создадете и да ја одржите сигурноста. Секогаш сте подготвени да се соочите со сето она што ви го дава животот, бидејќи верувате во својата способност.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-5


Број 5 - Свештеник

Ако свештеникот е ваша животна карта, тогаш вашата животна задача вклучува учење, подучување и социјални активности. Вие сте личност која секогаш има мислење за сѐ и без воопшто двоумење го кажувате. Ги следите правилата и традициите, но и успешно се поклопувате во секое друштво, разни организации и семејни хиерархии.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-6


Број 6 - Љубовници

За вас љубовта е најважната сила во чија позитивна енергија верувате потполно. Вашата животна задача е внимателно да ги одбирате луѓето и да ги прифатите своите последици. Сакате да остварите длабока, љубовна врска и потполно да се предадете на вашата работа, личноста која ја сакате и вашето семејство. Луѓето ве обожаваат, бидејќи вие сте личноста која е секогаш насмеана и личност која ги разбира останатите.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-7


Број 7 - Силата на волјата

Доколку ова е вашата карта, вие точно знаете што сакате и знаете како да го добиете. Вие сте секогаш во потрага по нови авантури и предизвици, бидејќи само так го засилувате вашето его и ја зајакнувате самодовербата. Лесно ја преземате улогата на водач и несвесно покажувате доминација. Подготвени сте да го заслужите сопствениот успех, а среќата е секогаш на ваша страна.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-8


Број 8 - Сила

Вие сте личност со цврст карактер и авторитет. Успешно управувате со секоја ситуација, но тоа не го правите под никаков притисок, туку со разбирање и со помош на вашата внатрешна сила. Вам луѓето инстиктивно ви го препуштаат водството, со надеж дека вие со вашата храброст ќе успеете да излезете на крај со сите проблеми кои постојат.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-9jpg


Број 9 - Пустиник

Пред вас стои потрагата за длабоко разбирање на животот. Вие сте личност која активно работи на себе и дисциплинирано учи. Оставате впечаток на затворена и скромна личност која ја следи својата цел. Вашата сила лежи во внатрешното задоволство кое произлегува од дознавање на животните вистини. Луѓето ве сметаат за мудра личност која секогаш нуди мир и утеха.

koja-e-vasata-zivotna-tarot-karta-10

Која е вашата животна карта? 



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава