Кои вежби му одговараат на вашиот хороскопски знак?

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-1.jpg

Вага

Овој знак се води според љубовта и убавината, па не ги сака спортовите со насилство и преголема активност. Типичните ваги се занимаваат само со лежерна рекреација или со естетски спортови како тенис, гимнастика, уметничко лизгање и синхронизирано пливање. Поради рамнотежата која сакаат да ја одржуваат често применуваат медитација и јога.

Скорпија

Натпреварувачки се расположени и страствени се кон сè што прават. Цел живот настојуваат да ја подобрат својата физичка подготовка и менталниот капацитет. Отпорни се, концентрирани и моќни, па најмногу им лежи карате, маратони, мечување и фудбал. Но, ги привлекува и играњето покер или шах.

Стрелец

Тие се најздрави од сите знаци во Зодијакот, се карактеризираат со непресушна енергија. Сакаат да бидат во природа и на свеж воздух, па често шетаат или планинарат. Надарени се и за индивидуални и за колективни спортови. Најчесто бираат стрелаштво , кошарка, јавање и искачување по карпи.

Јарец

Што и да прават Јарците се концетрирани и трпеливи. Не очекуваат брзи резултати и затоа бира спортови кои бараат високо ниво. Од широкиот спектар на спортови одбираат некои со атлетска дисциплина, бодибилдинг, планинарење или скијање. Често учествуваат и на шаховски или математички турнири.

Водолија

Не сакаат монотонија и рутина, па колку е некој спорт понеобичен толку полесно се одлучуваат. Падобранството и банџи скокањето им се омилени, како и останатите екстремни спортови. Но и танцот им помага за ослободување од вишокот енергија. Како големи хуманитарци често се вклучуваат и  во спасувачки активности.

Риби

Романтичните Риби нема често да ги видите како изведуваат спортски вештини. Но, ако баш мораат тоа сигурно ќе биде поврзано со вода како сурфање, нуркање или сијање на вода. Успех може да постигнат и во уметничкото лизгање и аеробикот.

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-3.jpg



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg